Порано со сигурност се знаеше дека треба да почекате до шестиот месец на бебето за да му го понудите првиот немлечен оброк. Сепак, последниве години границата се поместува, па некои педијатри советуваат дека бебе на 4 и 5 месеци може да започне со првата кашичка. Иако е тешко да се процени кој е вистинскиот момент, единственото нешто околу кое се согласуваат експертите е дека тоа не треба да биде пред 17-таta недела од животот на бебето.

Педијатрите посочуваат дека ова се 5. најважни причини зошто на бебето не треба да му давате цврста храна пред да наполни шест месеци:

– Дигестивниот систем на вашето бебе треба да созрее – ова е особено важно ако вашето бебе има семејна историја на алергии.

Истражувањата покажуваат дека бебињата кои рано почнуваат со цврста храна имаат поголема веројатност да страдаат од колики, дијареја и повраќање.

– Вашето бебе треба да го има изгубено рефлексот „туркањe на јазикот“ – сите мали бебиња го имаат овој рефлекс, што значи дека инстинктивно туркаат што било на јазикот за да се заштитат од задушување. Пред да започнете со воведување цврста храна, овој рефлекс треба да се намали, за вашето бебе да не ја фрла храната назад. Рефлексот обично почнува да исчезнува помеѓу четвртиот и шестиот месец.

– Вашето бебе треба да совлада нова вештина за голтање – исто така треба да научи како да ја турка храната од предната страна на устата кон задниот дел, а потоа да ја голта – вештина што ќе ја развие некаде околу шестиот месец.

– Вашето бебе треба да може да седи и да зема храна – до шестиот месец, вашето бебе најверојатно ќе може да седи со мала поддршка или без поддршка и да има добра контрола на главата и на вратот, што ќе ги олесни џвакањето и голтањето.

Млекото е доволно – истражувањата покажуваат дека бебињата можат да ги добијат сите нутритивни потреби од мајчиното млеко или адаптираното во првите 6 месеци од својот живот.

Внимавајте на „лажните знаци“ за подготвеност за цврста храна

Постојат некои работи што сите бебиња имаат тенденција да ги прават во периодот од 4 до 6 месеци, а кои често се погрешно толкувани како сигурни знаци дека е време да се започне со цврста храна. Значи, ако вашето бебе прави нешто од следново, не треба да започнувате со цврста храни:

Ставање тупаници во устата – Речиси сите бебиња сакаат да ставаат работи – играчки, ќебиња, тупаници – во устата. Тоа е еден од начините на кои тие учат за светот околу нив. Значи, ставањето на раката во устата не е знак на желба за цврста храна.

Будење навечер – Дури и ако вашето бебе отсекогаш добро спиело и одеднаш почнува да се буди навечер, тоа не значи дека е време за воведување цврста храна. Спротивно на приказните на многу постари жени, нема докази дека давањето цврста храна на вашето бебе ќе значи подобар сон.

Желба за дополнително млеко – сосема е нормално вашето бебе да има скокови во развојот кога ќе биде особено гладно. Решението е да се даде дополнително млеко наместо да се воведува цврста храна.

Ако вашето бебе е подготвено, следниот чекор е да разговарате со вашиот педијатар за тоа како и на кој начин е најбезбедно да почнете со воведување каша. Ако го започнете процесот, важно е да знаете дека колку е помало бебето, толку потешко ќе прифати цврста храна. Во тој случај педијатрите советуваат да се откажете и да почекате.

Извор



912

X