Во просек, родителите поминуваат 3,5 часа неделно во активности со своите деца. Споредувајќи ги напорната работа и родителството, испитаниците заклучиле дека и едната и другата активност се еднакво исцрпувачки

– Знаеме дека бременоста и породувањето го ставаат срцето под огромен притисок, а и воспитувањето деца може да биде многу стресно. Сите знаеме дека е тешко да се грижиме за нашето здравје кога имаме деца, но се надеваме дека ова истражување ќе помогне да сфатиме колку е важно – вели д-р Клер Оливер-Вилијамс.

Д-р Клер го водела истражувањето на група научници од Универзитетот во Кембриџ и Северна Каролина, кои заклучиле дека колку повеќе деца има една жена, толку е поголем ризикот од срцев удар, мозочен удар и срцева слабост. Мајки со пет или повеќе деца имале 40 отсто поголеми шанси да доживеат сериозен срцев удар во наредните 30 години од животот во споредба со жените што имале едно или две деца.

Истражувачите проучувале податоци од повеќе од 8.000 жени во САД, на возраст од 45 до 64 години. Тие ги споредиле податоците и го заклучиле следното: пет или повеќе деца го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања за 30 отсто, мозочен удар за 25 отсто и срцева слабост за 17 отсто.

По првото дете, мажите, како и жените, малку се релаксираат. Семејниот живот ги менува нивните навики, вклучително и нивните навики за јадење. Истражувачите следеле 10.253 мажи во текот на 20 години. Тие ги проучувале кога имале 20 и 30 години и откриле дека оние што имаат дете имаат поголема веројатност да добијат неколку килограми повеќе.

– Мажите високи 180 сантиметри во просек се здебелиле по два килограми по раѓањето на првото дете. Од друга страна, оние без деца во просек изгубиле околу половина килограм. Истражувањето не ги покажа причините за здебелувањето, но промената на начинот на живот веројатно има своја улога во сето тоа – објаснува д-р Крег Гарфилд, раководител на истражувањето на Универзитетот „Нортвестерн“ во Чикаго.

Најтешко е со деца на возраст од 10 до 12 години

Истражувањето спроведено од компанијата „Сорин“ опфатило 2.000 родители. 40 отсто од нив се согласиле дека петгодишниците се многу забавни, правилно зборуваат и развиваат смисла за хумор. За нив најтешко било да поминат време со деца на возраст од 10 до 12 години.

Во просек, родителите поминуваат 3,5 часа неделно со своите деца и веруваат дека ваквите дружења помагаат во развивањето блискост во семејството. Споредувајќи ги напорната работа и родителството, испитаниците заклучиле дека и двете се еднакво исцрпувачки.

Експертите сметаат дека децата треба да бидат активни и да се занимаваат со спорт најмалку еден час на ден.

Тие велат дека поактивните деца учат побрзо и полесно и имаат силно чувство на припадност. Покрај тоа, тие создаваат квалитетни навики во животот на ваков начин. Тие го трошат вишокот енергија преку спорт и физички активности, па затоа дома се посмирени и помалку ги „тероризираат“ своите родители.

Извор



912

X