ПРАШАЊЕ: Јас сум наставник во училиште и имам ученик кој е трето одделение и не сака да се оддели од бабата или мајката и да седи само во училиште. Бабата седи во ходник, а тоа влегува и излегува. Сам не останува. Во прво одделение второто полугодие седеше сам, а во второ и трето не сака. Често се и болни со брат му близнак и доста отсуствуваат од настава. Некогаш братчето доаѓа и седи само, а ова не. Големо е, а не сака да се одвои. Тешко прифаќа нови луѓе и нови наставници. Кога има наставник по друг предмет, ретко влегува на час. Често прави и паузи поради болест. Како да се надмине овој страв од одвојување?
ОДГОВОР: Оваа состојба на сепарациона анксиозност и социјална анксиозност треба да биде предмет на психолошка процена и адресирање на сите можни фактори што довеле до оваа состојба. Го поздравувам вашиот повик во својство на наставник да дејствувате и да помогнете за состојбата на вашиот ученик. Вашата грижа е од непроценлива вредност. Во ова својство и од оваа позиција, она што може да го направите е да корелирате со училишниот психолог преку посредување од веќе подготвена индивидуална психолошка интервенција. Бидејќи состојбата веќе долго трае, а со цел и да се подобри личниот развој, социјалниот развој и образовниот развој на детето, потребно е преку разговор со родителите да ги упатите кон институционална опсервација и процена во Државниот центар за ментално здравје на деца „Младост“ – Скопје каде што ќе дадат конкретни насоки за проблематиката.
Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com