Времето за спиење понекогаш може да биде борба со децата. Додека родителите упорно се обидуваат да ги смират и да ги однесат в кревет, малите постојано велат „уште само пет минути“ и секогаш им текнува нешто друго – гладни се, жедни се, би сакале да земат уште една играчка…
Едноставно кажано, повеќето мали деца не сакаат да си легнат, но поентата е дека им е потребен сон за да функционираат нормално. Сосема очекувано, ако не спијат доволно, тогаш се намќорести, расположени, плачливи…
Д-р Катерина, педијатар, бабица и авторка, споделува седум знаци дека вашето дете си легнува предоцна, забележувајќи дека проѕевањето и жалењето се доцни знаци на замор.
Оваа мајка на четири деца вели дека повеќето мали деца треба да си легнат помеѓу 19:30 и 20:30 часот, и дека ако останат будни подолго, потешко е да ги „присилите“ подоцна да си легнат.
Овие знаци се индикација дека детето заспива предоцна:
-Тешко му е да се разбуди наутро;
-Месечари;
-Се буди во текот на ноќта;
-Се бори да не заспие;
-Станува хиперактивно;
-Се спротивставува на сè;
-Нерасположено е и плачливо во текот на денот.

Д-р Катерина, исто така, ги советува родителите да обрнат внимание на раните знаци на замор, кои се појавуваат пред проѕевањето. Тие можат да вклучуваат:
-Детето станува намќоресто и се „лепи“ до мама (или тато);
-Губи интерес за играчки;
-Има ненадејни изливи на емоции без очигледна причина;
-Станува несмасно.
Таа препорачува ако вашето дете покажува знаци на доцно легнување, да го поместите времето за спиење до 30 минути порано за да избегнете драма, да спиете подобро и да имате посреќни утра.