Во нашето семејство вечерата започнува во исто време секоја вечер. Не приготвувам посебни оброци и кога знам дека оброкот што го приготвувам не им е најомилен на моите деца – секој ја добива истата храна во неговата чинија.

Сè правиме правилно, односно сè што сугерираат експертите: зеленчук, без екрани на масата, јадење заедно. Ова ни помогна многу, до моментот кога моето 2-годишно дете одлучи целосно да ја остави својата чинија и да ја замени со мојата.

Знам дека треба да бидам воодушевена што моето дете јаде брокули и зачинета храна и за сите работи во мојата чинија вели дека сака да ги проба. Но, тоа го прави само кога храната е во мојата чинија. Инсистира да ја јаде мојата салата, дури и кога ќе ѝ дадам дел од мојата храна во нејзината чинија.

Знам, децата се деца и тоа е единствената причина што ме спречува да полудам кога се обидувам да ги разберам повеќето работи што ги прави моето 2-годишно дете. Ејми Палнџајн, авторка на книга за готвење и креатор на интересни содржини на „Инстаграм“, вели дека дури и ако храната на вашето дете изгледа идентично како вашата, тоа сепак ќе сака да ја изеде вашата. И не само што децата сакаат да го имитираат однесувањето на луѓето на кои им веруваат и ги сакаат, туку тие и не познаваат граници. Во основа, иако можеби се нервирате, ова е само еден од оние знаци дека вашите деца навистина ве сакаат.

Секако, постојат некои работи што можете да ги пробате. Паланџајн предлага да ги користите истите чинии за децата и возрасните, да не се разликува вашата храна од нивната и да им дозволите на децата сами да си ставаат храна за да чувствуваат некаква контрола врз нивниот оброк.

Но, најмногу, воздржете се од реакција. Една од моите најмалку омилени работи кај мене како родител е тоа што ја губам смиреноста кога детето ќе ме прекине кога се обидувам да направам нешто основно, како одење во тоалет или јадење. Во овој случај, моето мало дете не само што ми го нарушува оброкот и ми влегува во бањата, туку сака и да ми ја земе тоалетната хартија и сака да ми го изеде половина сендвич.

Но Паланџијан сугерира дека ако сте прилично вознемирени за време на вечерата поради однесувањето на вашето дете, тогаш треба малку да одморите од семејните вечери. Едноставно нахранете ги прво вашите деца, легнете ги, а потоа вие јадете на мир. Заедничките вечери заменете ги со појадок или попладневна ужина. Важниот дел од јадењето заедно е да бидете околу децата, но постојат различни начини на кои можете да го направите тоа.

Постојано ни кажуваат дека ние родителите треба да се грижиме за себе, да моделираме добри навики. Не дека сакам одмор во спа-центар или маникир, едноставно сакам на мир да ја изедам мојата овесна каша. И ако тоа значи дека ќе јадам откако моето дете ќе заврши со појадокот и ќе се занимава со нешто друго, тогаш за мене тоа е сосема во ред.

Автор: Саманта Дарби
Извор



912

X