Медисон Мили споделила на „Инстаграм“ прекрасна компилација од реакциите на нејзиниот син Дејн за нејзиното готвење. Во видеото, Медисон составила дел од слатките реакции на нејзиниот син на различните јадења што ги подготвувала.
На Дејн му се допаднало сè што прави мајка му. Своето задоволство го покажува со изрази на лицето и со удирање со тупаницата на маса секојпат кога ќе изеде нешто многу вкусно. Видеото станало вирално за само еден ден, а е прегледано повеќе од седум милиони пати.
Многу корисници на „Инстаграм“ биле воодушевени од однесувањето на Дејн.
„Вообичаено не сакам да гледам видеа со деца, но Дејн и вие сте симпатична комбинација“, „Колку убаво се однесува“, „Дејн знае како да ѝ го разубави денот на мајка си“, „Сите родители се надеваат на вакви реакции“, се само некои од коментарите.
912