Дванаесетгодишната Гу станала позната поради нејзините извонредни математички вештини. Таа решава сложени задачи кои им се даваат на студентите на факултетите.

Гу е во основно училиште, а во 2022 година почнала да објавува видеа на „Дојин“ и „Јутјуб“ каде што решава едноставни математички проблеми. Оттогаш таа напредувала и почнала да се занимава со понапредни теми, кои дури и некои студенти не ги разбираат.

-Решив да ја снимам како објаснува математички проблеми, за да можам и јас подобро да ја разберам самата тема – изјавила мајката на девојчето за кинеските медиуми.

Овој метод на учење се нарекува техника „Фејнман“, а ја развил физичарот Ричард Фајнман, добитник на Нобеловата награда. Техниката има потенцијал да ги подобри способностите за учење на една личност, со проучување на предметот за кој таа е заинтересирана, а подоцна и со подучување на другите.

Гу има милиони следбеници и на крајот планира да се натпреварува на еден од најпрестижните натпревари по математика во светот – Меѓународната математичка олимпијада.

Извор



912

X