Совети

10 знаци по кои се препознаваат децата што пораснале без доволно топлина и љубов

Количината на љубов што децата ја добиваат од родителите има моќ или да ги излечи или засекогаш да ги обележи. Недостигот на љубов во детството живот често води до неврози, сериозни проблеми со самопочитта и тешкотии во комуникацијата подоцна.

Оној што пораснал без доволно љубов подоцна постојано се обидува да ја исполни таа духовна празнина, најчесто преку партнерот, од кого очекува непречено да му дава нежност и наклонетост. Исто така, таквите лица често влегуваат во специфични улоги:

  • „Спасител“: Кога се обидуваат да ја заслужат љубовта преку постојана помош за другите.
  • „Тиранин“: Кога љубовта и вниманието се изнудуваат со сила и притисок.

10 знаци по кои се препознава дете што пораснало без љубов:

  1. Константно чувство на несреќа и неспособност за искрена радост.
  2. Недоверба кон сите луѓе и кон светот воопшто.
  3. Влегување во крајности: Секогаш ја преземаат позицијата или на насилник или жртва.
  4. Склоност кон зависности: Пушење, алкохол, зависност од работа и слично.
  5. „Синдром на совршено дете“: Постојана потреба да бидат на врвот и подобри од сите за да добијат потврда.
  6. Тешкотии во воспитувањето на сопствените деца.
  7. Ниска самопочит и длабока несигурност.
  8. Неразвиена емоционална интелигенција: Тешко ги препознаваат туѓите емоции и се мачат да ги изразат или контролираат сопствените.
  9. Прегласена ранливост и чувствителност на секоја критика.
  10. Ментални тешкотии: Склоност кон депресија, хронична анксиозност и напади на паника.

Како зборуваат родителите, така детето ќе разговара со себеси

Познатиот психолог Ерик Берн истакнува дека родителите се првите и најважните учители. Тие не само што пренесуваат знаење, туку го обликуваат и емоционалниот свет на детето. Начинот на кој родителите разговараат со своето дете станува негов внатрешен дијалог кога ќе порасне.

Здравите меѓучовечки односи се засноваат на зрелост, искреност и отвореност. Поради тоа е клучно биолошката возраст во возрасниот живот да се совпаѓа со психолошката зрелост.

Станете сопствен грижлив родител

За да се прекине овој затворен круг, личноста која не добила доволно љубов во детството мора да научи самата да ја пополни таа празнина.

Пред сè, важно е да станете сакан и грижлив родител кон себеси. Дури тогаш, од позиција на емоционална зрелост, ќе можете да градите здрави врски, без потреба да ги лечите своите детски трауми на сметка на партнерот.

Извор

Поврзани написи

To top