Нашиот животен ритам често ни ги диктира условите. Постојаниот недостиг на време за себе предизвикува стрес. Ако ни е тешко да се справиме со такви ситуации, тогаш тоа понекогаш е неподносливо и за нашите деца. Во текот на растењето наидуваме на огромен број стресни ситуации. Но, не грижете се – сосема е можно да ги научиме нашите малечки да се справат со стресот. Каде да се започне?
Прво – да го научите детето да ги разликува и именува своите чувства.
Друга корисна навика е умешноста за изразување на чувствата.
Третата корисна вештина е да го префрлите вниманието на нешто попријатно за вас.
Четврто – да се побара помош.
Петтата навика – способност да не се задржуваме долго на емоциите, туку да ја пренасочиме нашата енергија кон акции и дела.
Шесто – Умешност за поставување приоритети.
Седмо – одигрување (одглумување) стресни ситуации однапред.

Ако знаете дека детето ќе наиде на стресна ситуација, на пример, кога одите на стоматолог, во градинка или на училиште, добро би било однапред да ги планирате таквите ситуации. Заедно со детето смислете игра со таква ситуација, експериментирајте со варијанти на однесување, наведете ги чувствата што ги имаат протагонистите на играта, прашајте го детето како може да му се помогне за да ја надмине таквата ситуација. Сето тоа ќе направи ситуацијата да не е повеќе толку страшна бидејќи детето во играта веќе стекнува навика да го совладува стресот во таквите моменти.
Би било добро возрасните да ги совладаат сите овие навики бидејќи е тешко да го научите детето на она што не можете ниту самите да го направите. А искуството за надминување на стресна ситуација ја развива нашата самодоверба!
Автор: Четверухина Ирина