Ако сте мајка само на девојчиња, многу добро знаете дека тој розов свет е полн со митови. Една мајка прилично духовито ги објаснила сите заблуди за домот полн со мали принцези. Но, да почнеме од почеток:
1. Прават врева како и момчињата
Сите ми рекоа дека девојчињата се потивки од момчињата. Тие никогаш не биле во нашиот дом кога мојата најмлада ќерка на цел глас ја пее „Let it go“ или кога во собата има 10-годишни девојчиња кои врескаат и се смеат толку гласно што ѕидовите вибрираат! Парацетамол, ве молам!
2. И понатаму ќе има многу неред
Сите велат дека девојчињата се поуредни. Во тој случај, мислам дека моите деца не го примиле ова известување. Во нашата куќа има отпечатоци од прсти на каучот кои нема да се исперат. Исто така, килимот во дневната соба е полн со парчиња од најситни пластички играчки. Понатаму, постои дамка на таванот каде што мојата 4-годишна ќерка едноставно го фрли лакот за нокти. А што се однесува до моите омилени кармини… па, да речеме само дека се под клуч – а тука е и примерокот обоен со кармин кој сега се крие под килимот. Се разбира, не смеам да ги изоставам и светките. Многу, многу светки!
3. И девојчињата прават одвратни работи
Сите велат дека девојчињата се помалку одвратни. Тоа дефинитивно не било тогаш кога мојата најмлада ќерка најде полжав во градината, го зеде мекиот дел со прстите и го стави в уста. Или кога мојата друга ќерка изврши голема нужда во парк и потоа го допираше своето „уметничко дело“ со стап. Многу убаво!
4. И тие исто така имаат опсесии
Сите велат дека момчињата се полудени по камиони, автомобили… Сигурна сум дека девојчињата се програмирани на начин на кој се опседнати со „Дизни“ цртани. Во ред, знам дека и момчињата гледаат многу цртани, но тоа не е исто ниво на опсесија, зарем не? Јас морам да го погледнам секој цртан со принцези и ги знам сите песни, откако илјада пати ги слушнав… додека не излезе нов цртан, а потоа од почеток.
5. Има многу, многу драма
Девојките се многу помирни, рекоа сите. Хмм, можеби на почетокот, но она што сите пропуштаат да го кажат е дека драмата со девојчињата почнува како што растат. Од изливи на бес кога работите не одат така како што тие замислиле, па до грозна болка и страдање по распад на некое пријателство. Што се однесува до хормонски набиените тинејџерски години… немојте само да почнам!
6. Не значи дека ќерката ќе биде ваша мини-верзија
Сите ми рекоа: „Ах, таа ќе биде мини-ти“. Колку само не беа во право, за двете мои ќерки. Некако имав идеја дека моите девојчиња ќе изгледаат и ќе се однесуваат како мене. Се разбира, тоа не се случи. И двете имаат свој единствен изглед, вкус и карактер. Тие се мои ќерки, но дефинитивно се и свои луѓе.
7. Нивната болка станува ваша
Да се биде мајка на ќерки е полесно. Така ми рекоа. Ти сето тоа си го поминала и еднаш си била девојче и тинејџерка. Да, од една страна, можеби сум го поминала сето тоа, но тоа не значи дека ќе ми биде полесно да гледам како моите ќерки ќе поминуваат низ истото!
8. И тие ќе се срамат од вас
„Ќе имаш толку близок однос со своите ќерки!“ Хмм, можеби сум го замислила тој однос како премногу пријателски, се надевав дека тие ќе ме гледаат како кул мајка, како некој на кого можат да се потпрат и да се доверат. Сепак, и јас сум го поминала сето тоа. За жал, кога дојдоа годините пред пубертет и за време на пубертетот, многу пати моите ќерки превртуваа со очите дури и кога само дишев. Да не споменувам дека сè друго беше срамота – што и да речев, облечев, направев…
9. Ќе ви се вратат кога ќе имаат 30 години
Иако мојата помлада ќерка е во периодот пред пубертет, а постарата во пубертет, сите ми велат дека ќе бидеме повторно поблиски кога тие ќе се доближат до своите 30-ти години.
Само малку, што? Тоа е за 16-18 години. Се надевам дека нема да ги срамам и двете дотогаш, или?
Автор: Ана Шефчек