Да бидеме искрени… никој всушност не ни кажува ништо за тоа како е да се изгуби дете. Ова не е тема која се дебатира на појадок или воопшто тема за која се бараат одговори пред да се случи. Колку и да е незамисливо сценариото за губење на сопственото дете, тоа е реалност која многу луѓе ја искусуваат, вклучително и јас. Додека реакциите на жалење и тагување може да варираат, реалноста на неколку концепти останува конзистентна.

Прво, жалењето и тагувањето се вистински ролеркостер, таков на кој ниту зависниците од адреналин не би сакале да се возат. Јас бев во состојба на шок првите 6 месеци, нанесувајќи лик на нормалност, додека во реалноста… бев вкочанета. Сигурна сум дека лековите за депресија и спиење помогнаа за постојаното чувство на ништожност, но тоа изгледаше подобро отколку целосен и конечен очај. Фактот дека иднината која ја замислував никогаш нема да се случи ми ја распаруваше душата… Но, запомнете – се работи за цел дијапазон на емоции. Ќе се најдете себеси во ситуација на чувства кога мислите дека нема дно, но со текот на времето почнувате да одите нагоре.

Некои луѓе чуваат парчиња облека во кутии за да го зачуваат мирисот, некои ги оставаат собите на децата недопрени

Второ, прифаќањето милост може да биде макотрпно. Доаѓам од семејство каде што матријархатот ги научи децата да бидат независни и доволни сами на себе. Додека тие особини ја обликуваа мојата работна етика и поглед на животот, не ми послужија добро за време на тажењето. Претпоставив дека и ова е дел од животот кој морам да го совладам без помош – да го најдам изворот, да креирам план за дејствување и да го спроведам. Реалноста всушност беше дека ми беше потребна помош. Од домашните обврски, до грижата за моите други двајца синови, до оброци и набавување намирници – не можев да го правам тоа сама. Откако ја прифатив идејата за потпирање на другите, мојот очај се претвори во нешто со кое подобро се справував.

Трето, луѓето со добри желби и намери, го мислат тоа – запомнете. Безброј луѓе одвоија време да се јават да понудат поддршка и да споделат свои приказни за загуби за да ме утешат и да ми го кренат духот. Во реалноста, почесто се наоѓав себеси затворена за тие приказни. Но, подоцна научив дека немаме сите некој сертификат за давање совети во вакви случаи. Тие луѓе едноставно здогледале можност да понудат поддршка и имале најдобри намери… нека се благословени, бидејќи во тој момент беше тешко да се гледаат нештата низ призмата на тагата.

Четврто, спомените бледнеат, архивирањето на минатото станува животна линија. Колку и да сакам да мислам дека мојот ум ќе го зачува секој спомен од мојот син, не можам да се сетам дури ни што јадев за ручек вчера. За среќа, направив многу фотографии, пишував дневно на семејниот блог и ги зачував неговите најскапоцени работи. Некои луѓе чуваат парчиња облека во кутии за да го зачуваат мирисот, некои ги оставаат собите на децата недопрени.

Како можев да најдам радост кога треба да тагувам?

Нема правилен или погрешен начин, без разлика која е вашата метода за одржување на спомените. Со текот на времето длабочината на вашата загуба нема да биде најосновното чувство, а вие ќе најдете утеха во спомените од минатото.

Петто, вината од чувствувањето радост е неизбежна. Првиот пат кога се насмеав се почувствував дека сум го предала синот. Како можев да најдам радост кога треба да тагувам? Кога е најсоодветната временска рамка кога треба да престанете да плачете во јавност? Кога треба да се вратите во земјата на живите? Вината беше чувство кое не го предвидов. Не само што бев депресивна, исцрпена и вознемирена, туку бев обземена со вина во моментите кога работев на тоа да ја променам мојата перспектива. Со текот на времето, доаѓате до место каде што ја препознавате и прифаќате вината што ја чувствувате, прифаќате дека не ги заслужувате тие негативни чувства и станувате отворени за радоста што ве опкружува.

Животот е можен после загуба.

Љубовта е можна после загуба.

Радоста може да се прифати после загуба.

Денес бев потсетена од мојот календар дека мојот син почина пред 5 години. Додека продолжувам да го поминувам секој ден во потрага по радосни моменти, морам да го препознам и макотрпниот пат по кој постојано се качувам. Мојата листа со научени лекции несомнено ќе продолжи да расте, но исто така и можноста да го споделам моето искуство со оние што поминале сличен пат, со надеж дека тоа ќе го направи и нивниот пат полесен за одење.

Автор: Кети Ролер

Извор



912

X