однесување Прашај психолог

Има одбивност кон други деца, не сака да си игра со нив и плаче…

ПРАШАЊЕ: Сакам да се консултирам со вас во врска со мојот двегодишен син. Многу покажува одбивност спрема други деца, не сака да си игра и плаче кога ќе види друго дете. Многу тешко прифаќа нови работи, сѐ уште не сака да јаде, на пример, банана и бисквити, само готвено јадење со лажичка сака. Дали може да ми дадете совет во врска со ова.

ОДГОВОР: Ваквата инхибираност и страв од непознато и ново би можело да биде последица од презаштитнички родителски пристап, стравувајќи за своето дете, родителот пренесува порака дека надворешниот свет е извор на опасност, исто како што и грицкањето тврда храна се доживува како извор на опасност.

Таквите стравови детето ги учи преку поведението на родителот. Ако родителот се плашел уште во најрана возраст кога детето требало да јаде нешто тврдо, тоа се интроектира и кај самото дете. Поради недостиг од други податоци во вашиот исказ, советувам родителско советување.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

To top