За животните, пролетта е време кога нивните малечки првпат го истражуваат светот. Сите гледаме со воодушевување кога малечките животинчиња првпат излегуваат на сончевите зраци или кога се слуша нивната песна или кога добиваат храна од својата мајка. Луѓето не се ограничени со годишно време во однос на тоа кога може да зачнат или да добијат бебе – но кога е најдоброто време за да се забремени?

Некои велат дека тоа се зимските месеци. „Имаме повеќе бебиња родени во јули, август и септември“, вели Мери Лу Копас, шефица на акушерство при Медицинскиот центар во универзитетот во Вашингтон. Има и наука зад тоа зошто зимата е најдоброто време за забременување.

Колку е лесно да забремените во зимските месеци?

Луѓето може да зачнат бебе и да го родат во кој било период од годината. Но, за оние што се надеваат дека ќе им се зголемат шансите за забременување, зимските месеци може да бидат најдобри. Не само што зимата е како создадена за гушкање покрај оган, туку тоа е и време кога доаѓаат празниците и романтиката е насекаде. Но, има и многу други работи што ја прават зимската сезона најдобар период за зачнување дете. Студиите покажуваат дека ноември и декември се најплодните месеци базирано на бројката на раѓања по 9 месеци.

Зголемениот број сперматозоиди ги зголемува шансите за забременување

Познато е дека топлината предизвикува помала количина сперматозоиди, па затоа експертите за плодност советуваат мажите да избегнуваат топлина околу тестисите ако се обидуваат да зачнат. Но, кога доаѓа зимата, не значи дека мажите исто така не треба да избегнуваат седење со лаптоп во скутот или други активности кои го загреваат тој дел од телото.

Високи нивоа на тестостерон

Тестостеронот е потребен за продукција на сперма, па ако мажот има повисоко ниво на тестостерон, ќе има и поголема количина на сперматозоиди, а со тоа се зголемуваат и шансите за зачнување. Една студија ги истражувала нивоата на тестостерон за време на годишните времиња, па се покажало дека тие се менуваат во зависност од годишното време. За жал, нивоата на тестостерон не се смета дека се покачени за време на зимските месеци. Но, има нешто околу зимската празнична сезона која може да им помогне на мажите во подобрувањето на нивоата на тестостерон. Еден начин е храната што се јаде – доволно внесување протеини (особено за време на празничните ручеци). Оние што уживаат во празниците и се опуштаат со различни активности, наместо да бидат под стрес, исто така ќе имаат позитивно влијание врз нивоата на тестостерон.

Уживање во зимските месеци

Празниците имаат многу придобивки на ова поле – луѓето поминуваат време заедно, се социјализираат, заедно се со семејството и размислуваат што сакаат во новата година. Природно е за паровите да сакаат да го прошират своето семејство во тој празничен период од годината, „Почувствував желба да имам бебе за време на празниците, кога ги гледам пријателите како создаваат спомени со своите деца“, вели Џуди Кер.

Како жена, запомнете дека стресот може многу да ги намали шансите Па освен тоа што овој период од годината е погоден за зачнување, сепак треба да се земе предвид дека нивото на стрес треба да се намали за време на празниците. Ова може да значи прифаќање дека не можете да ја извршите секоја активност што сакате. Но, обидите да се направи сè често се проблем кој доведува до стресна празнична сезона. Купувајте, работете, правете планови, но не заборавајте да се грижите и за себе. Тоа е најдобриот начин да се зголемат шансите за зачнување во зимските месеци.

Автор: Кимберли Леонард

Извор



912

X