Кога сте исцрпени, плачењето на бебето предизвикува појава на солзи и во вашите очи, а изгледа дека ништо не помага. Па, време е за безбедно возење. Безбедно седиште за автомобил и вашето бебе почнува да се опушта. Уште еден круг во соседството и бебето заспива. Што е она што изгледа дека фрла магија врз децата, па веднаш заспиваат во автомобил? Поентата е дека внатрешноста на автомобилот во движење изгледа како многу безбедна, топла и тивка средина која потсетува на утробата на мајката. Звукот и вибрацијата од автомобилскиот мотор му помагаат на детето да се релаксира.

Реакцијата на вашето бебе на лулањето е природна реакција на неговиот сензорен и моторички систем. Истражувачите откриле дека нежното и константно лулање го регулира централниот, моторниот и кардиоваскуларниот систем кај бебето на координиран начин кој го смирува. Малиот мозок на вашето бебе е дел од неговиот мозок кој е најмногу примитивен – секогаш во заштита и во тек со сè што се случува во неговата околина. Директно е поврзан со вагусниот нерв, дел од парасимпатичниот нервен систем кој го поврзува мозочното стебло со телото и дозволува да се набљудуваат и примаат информации. Парасимпатичниот нервен систем надгледува огромна низа на клучни телесни функции, меѓу кои и отчукувањата на срцето. Лулањето го смирува малиот мозок на бебето и креира парасимптаичен одговор со релаксација, намалени отчукувања на срцето и зголемено чувство на пријатност.

Белата врева е звук кој ги содржи сите фреквенции во еднаков интензитет. Автомобилскиот мотор е вид бела врева која е слична на звуците што бебето ги слушнало во утробата. Белата врева влијае врз сонот на тој начин што го охрабрува мозокот на бебето да прифати и да одржува побавен ритам на мозочните бранови поврзани со спиењето.

Внатрешноста на автомобилот не е многу стимулирачка

Внатрешноста може да биде топла и темна, како и утробата на мајката. Ентериерот не се менува, па нема нешто ново да се види, слушне, чувствува или прави. Дополнително, вашето бебе знае дека сте блиску и се чувствува безбедно. Оваа комбинација му дозволува на детето да се исклучи од надворешниот свет, да се релаксира целосно и да заспие.

Формата на седиштето создава чувство на безбедност

Не само што го држи бебето во соодветна положба во случај на несреќа, туку чувството на сигурност му обезбедува начин да мисли оти е во утробата на мајката.

Возењето со автомобил за бебето да заспие може да биде ефективен начин за решавање на проблемот со заспивањето, но дали е безбедно?

Студија покажува дека кога автомобилските седишта се користени според прописите и упатствата за работа, бебињата се изложени на многу мал ризик од давење или задушување од ремените. Д-р Бен Хофман, претседател на Советот за превенција од повреди, насилство и труење при Американската академија за педијатрија, тврди: „Сите податоци што ги имаме посочуваат дека нема ризици поврзани со спиењето на бебињата во автомобилските седишта за кратки периоди, ако се соодветно прицврстени за седиште кое е соодветно позиционирано во автомобилот“. Сепак, постојат некои ризици, па се препорачува бебињата кои сè уште спијат кога веќе сте стигнале до одредената дестинација, да бидат префрлени во корпа или креветче.

Некогаш не сакате да заспијат во автомобилот

Некогаш кога имате обврски, а речиси цела ноќ не сте спиеле и бебето ќе ви заспие во автомобилот, може да се вознемирите бидејќи потоа не ќе можете повторно да го заспиете детето, а и вие ќе останете без сон.

Што може да направите за бебето да биде будно додека не излезете од автомобилот:

– Осигурете се бебето да не биде премногу изморено за да не заспие.
– Избегнувајте возење со автомобил 30-45 минути пред времето за дремка.
– Нека нема шишенце или цуцла со него во автомобилот бидејќи со нив многу полесно се опушта и заспива.
– Занимавајте ги со нешто за да му бидат очите отворени.
– Застанете и извадете го детето малку на свеж воздух и сменете го просторот.

Заклучок: Огромно олеснување е кога бебето ќе заспие во автомобил, а претходно било вознемирено. Но, ако дремката во автомобил е непосакувана дремка која ќе му даде енергија, не грижете се и запомнете дека можете да го заспиете повторно бебето откако ќе седи будно некое време. Едноставно заспивањето ќе биде одложено за подоцна.

Автор: Ен-Мари Гембелин

Извор



912

X