Финскиот здравствен систем помогна да се постави најниска стапка на смртност кај мајките во светот.

Д-р Ајдин Текај е главен лекар на одделението за породување во Финска, каде што секоја мајка има приватна соба и има опција за раѓање во вода. Цената? Помалку од 100 евра, а речиси 50 отсто од овие пари ќе бидат вратени како надомест.

Лора Смит од Детроит живее во Финска со нејзиниот сопруг, кој е Финец, и нејзината 10-месечна ќерка Ела. Стапката на смртност кај мајките е повисока за Афроамериканките во Америка, што е една од главните причини зошто Лора се одлучила да ја роди Ела во Финска, наместо дома.

– Мојата загриженост значеше, мојот глас значеше. Ме видоа, се погрижија за мене, без оглед како изгледав и тоа е нешто за кое не би била сигурна во САД – изјави Смит.

Мајката и бебето имаат право на бесплатни прегледи. Платено е сè со парите од данокот. Богатите даваат многу повеќе во Финска. На Финците не им пречат високите даноци, тие се навикнати на системот.

Системот започнал во 30-тите, кога Финска почнала да дава бесплатни бебешки кутии за новите семејства, во кои имало основни работи. Владата и понатаму ги дава овие кутии. Освен тоа, родителите сакаат да поминуваат време со своите деца. На мајките законски им следуваат четири месеци платено породилно отсуство, а родителите потоа можат да поделат уште шест месеци платено породилно отсуство, но не во исто време.

Никој во Финска не се фали за својот успех. Сите се обидуваат да ги подобрат работите уште повеќе, така што ќе го направат породувањето побезбедно и ќе ги охрабрат татковците да земаат породилно отсуство за да поминат повеќе време со нивното дете.

Исто така, финскиот министер за семејни прашања се обидува да открие како би можел уште повеќе да ги охрабри Финците да имаат бебиња, бидејќи и покрај сите бенефиции, опаѓа стапката на наталитет во Финска.



912

X