Здравје

Зошто трудниците имаат променливо расположение

Некои трудници имаат посебна желба за одредена храна, некои се понесмасни, некои ја губат меморијата или често го менуваат расположението. Научниците сега конечно имаат објаснување зошто женскиот мозок има различни „поставки“ за време на бременоста.

Преференциите за храна се менуваат

Неодамнешните истражувања покажале дека преференциите за храна се менуваат во различни фази од бременоста. Додека храната со горчлив и силен вкус е одбивна во првото тримесечје, желбата за солена и кисела храна се зголемува во второто и третото тримесечје. Не е сосема јасно зошто преференциите за вкус се менуваат во текот на бременоста, но се смета дека телото копнее по солена храна, како што е чипсот, бидејќи е богат со натриум, кој е потребен за да се компензира зголемениот волумен на крв (до 50 проценти повеќе) што циркулира низ тело.

Несмасност поради олабавување на зглобовите

Во првите недели од бременоста, нивото на хормонот релаксин, кој ги опушта зглобовите, лигаментите и мускулите, брзо се зголемува. Особено е корисен за истегнување на карлицата при породување. Се верува дека опуштањето на зглобовите поради релаксин придонесува за полабав стисок. Во последните месеци од бременоста стомакот расте, а центарот на рамнотежа се движи нагоре. Нервните импулси поврзани со држењето на телото, вклучително и рамнотежата и ориентацијата, се менуваат во текот на бременоста, поради што се случуваат сопнувања и падови.

Промените на расположението се нормални

По зачнувањето, нивото на естроген и на прогестерон брзо се зголемува, а овие два хормона се произведуваат и во плацентата. Познато е дека тие имаат силно влијание врз функционирањето на мозокот. Естрогенот е поврзан со зголемување на допаминот и серотонин во мозочните региони важни за регулирање на емоциите, однесувањето и расположението.

До шестата недела од бременоста, неговото ниво е дури трипати повисоко отколку на врвот на менструалниот циклус, кој е обележан и со промени во расположението. Освен хормоналните промени, за лошо чувство во бременоста придонесуваат и физичкиот стрес, болката, заморот и промените во метаболизмот. Нестабилност на нозете, но и на главата се промени низ кои поминуваат сите идни мајки додека го чекаат своето бебе.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top