Кога детето преминува во период од детство до адолесценција во голема мера учи да носи одлуки и да се справува со нови одговорности. Додека вашиот тинејџер можеби презема повеќе одговорности во домот или на училиште, има една област во која ќе сака дополнително да истражува, а тоа е начинот на кој се облекува. Во тој период тинејџерите го развиваат својот личен стил. Па тука може да настапи експериментирањето. Начинот на кој се облекува тинејџерот е голем дел од начинот на кој неговите врсници го перципираат и е многу важен во однос на истражувањето на сопствениот идентитет.

Кога зборувате со вашиот тинејџер за облека, важно е да запомните колку е личен изборот на гардеробата за него, но и дека сепак треба нешто да научи и од вас. Да учи што е наменето за одредена сезона, да знае како да го балансира комфор со стилот, а развивањето на патот кон сопствената мода е пополнет и со грешки со кои родителите можат да помогнат во голема мера. Важно е да го водите вашиот тинејџер на суптилен начин за да му помогнете да си го пронајде сопствениот стил.

Тинејџерите ја користат гардеробата за да истражуваат делови од нивниот идентитет

Исто така, важно е да им дадете слобода на тинејџерите, без разлика дали ќе ги земете на шопинг со вас или ќе им дадете пари сами да си купат или, пак, ќе ги охрабрите да се вработат некаде за да добиваат џепарлак. Во раната адолесценција може да ја одбиваат облеката што вие ќе ја изберете за нив, бидејќи едноставно сакаат нивниот стил да биде базиран на нивни избори. Ако зборувате со тинејџерите за типовите облека што им се допаѓаат, тоа е одличен начин да им покажете дека се грижите за нивниот свет.

Тинејџерите ја користат гардеробата за да истражуваат делови од нивниот идентитет, кој сè уште не им е  целосно откриен. Кога мојата мајка изрази незадоволство од мојот избор на чанта, тоа создаде дистанца помеѓу нас, а таа имала добра намера. Како што почнав да се прашувам за моите перцепции на традиционална машкост, чантите станаа начин преку кој се изразувам како што мене ми е пријатно. Нејзините негативни коментари за нив ги доживував како личен напад. Важно е да се запомни дека директното соочување или критикување на гардеробата на тинејџерот може да биде како напад врз нивниот идентитет, бидејќи во тие периоди тие се бараат себеси.

Поддршката од родителите и охрабрувањето навистина можат да воведат промена. Кога бев малтретиран во средно училиште откако почнав да вметнувам розови и виолетови парчиња облека, не се сомневав дека моите родители секогаш потврдуваа дека изгледам добро. Нивното охрабрување ми даде самодоверба да продолжам да се изразувам себеси на начини кои ме исполнуваат.

Користете ги трендовите за да ги научите лекција

Трендовите имаат капацитет да отвораат порти за тинејџери, како облеката неутрална за пол, во која младите луѓе се чувствуваат добро. Некогаш, пак, тинејџерите може да се чувствуваат изолирани или без стил ако не носат некој популарен бренд на облека. Луксузните брендови сега се повеќе во мода поради нивната промоција од страна на познати личности. Но, високите цени ги фрустрираат тинејџерите, па затоа може и да почнат да ја мразат облеката што пред неколку недели обожавале да ја носат.

Тинејџерите го користат облекувањето за да покажат екосвест

Растечката грижа за климатските промени и глобалното затоплување креира огромен пораст во продажбата на облека од „втора рака“, односно користени парчиња гардероба, помеѓу тинејџерите. Така што, вашиот тинејџер може да биде навлечен кон некои вакви продавници, но важно е да го потсетите дека сите оние парчиња облека што ги поседува треба да се износат пред да купи нешто ново.

Заклучок

За нашите тинејџери, облекувањето е важен фактор за нивното изразување. Како што ќе го одредуваат својот стил, важно е да им дадете простор за да експериментираат. Бидете нежни со нив кога зборуваат на оваа тема бидејќи се ранливи на критиките, а и сето тоа е дел од еден нивен личен процес. Користете потврдни зборови и соодветни сугестии за да можете да го насочите вашиот тинејџер кон стилски успех.

Автор: Брент Метјус

Извор



912

X