Никој не сака да станува пред зори, но станувањето порано има некои предности и време е да ги откриете. Затоа, татковци, заборавете на играње игри или гледање филмови, а да не зборуваме за работење до доцна во ноќта. Раното легнување по некое време ќе ве поттикне да станувате порано, а вие ќе можете:

– Да имате повеќе време за себе без да ги вознемирувате децата или другите членови на домаќинството. Ако сакате да ги проверувате вашите е-пораки на мир додека пиете кафе, тогаш знаете за што зборуваме.

– Вежбајте. И не мислиме на трчање 10 километри, иако тоа можете да го направите ако се чувствувате подготвени. Сепак, лесно истегнување, стомачни, неколку склекови, сето тоа ќе биде доволно за да го дочекате денот енергични и будни.

– Одете порано во канцеларија, ако работата ви е така организирана, па ќе можете порано да се вратите дома. Така ќе имате повеќе време за вашето семејство.

– Читајте, затоа што имате книга што планирате да ја прочитате со месеци, но секогаш ја заобиколувате. Утрото е вистинско време за тоа!

– Планирајте го денот. Има сто работи што треба да ги направите и главата ви е хаос. Не знаете што е подобро да правите пред, а што потоа. Кога сите спијат, вистинско време е да ставите сè на хартија или во вашата глава и да го испланирате денот.

Извор



912

X