Воспитување

Зошто татковците не земаат родителско отсуство во САД

Според истражувањата, 90 проценти од татковците во Америка земаат мало отсуство од работа откако ќе им се роди дете, но повеќето од нив земаат помалку од 10 дена. Натаниел Попер, соработник за родителство на „Њујорк тајмс“, вели дека една од причините е што новите татковци се плашат дека може да бидат стигматизирани од своите колеги и да ги пропуштат идните можности.

Друга причина: Не земаат отсуство бидејќи не е целосно платено.

Според извештајот од Центарот за работа и семејство при колеџот „Бостон“, мажите на кои им е дадено татковско отсуство со нивната целосна плата, повеќе ја искористуваат таа можност. Во студијата биле анкетирани повеќе од 1.200 вработени од 4 различни компании кои им дозволувале на родителите од сите родови да земат отсуство, целосно платено во времетраење од 6 до 16 недели. Треба да се напомене дека овој примерок не е репрезентативен на национално ниво: речиси сите од овие работници се со високо образование, а повеќе од половина од нив заработуваат над 100 илјади долари годишно.

Татковците што присуствуваат на раѓањето на нивните деца развиваат поголема блискост

Повеќе од 60 проценти од анкетираните мажи го зеле целосното понудено отсуство, а другите искористиле повеќе од деновите. Мажите што имале право на 8 недели отсуство зеле во просек 7,2 недели, додека мажите што имале право на 16 недели зеле во просек 12,8 недели отсуство. Во споредба со мажите во Калифорнија, каде што политиката на државата е да се обезбеди платено отсуство за своите граѓани, тоа отсуство не ја подразбира цела сума од платата. Во зависност од тоа колку заработува индивидуата, плаќањето се пресметува на околу 60 или 70 отсто, за период од 6 недели, со максимум приход од 1.300 долари неделно. Додека должината на отсуството на жени на породилно се зголемил за пет недели откако државата Калифорнија обезбедила платено отсуство, на мажите се зголемила за само неколку дена.

Бред Харингтон, директор на Центарот за работа и семејство при колеџот „Бостон“ и еден од авторите на студијата, рекол дека мажите кои неговиот тим ги анкетирал во минатото генерално рекле дека потребни им се 70 проценти од нивната плата за да се одлучат на отсуство. „Секој маж рече 70 отсто, а некои рекле 90 или повеќе“, истакнал Харингтон.

„Не дека мажите се материјалисти“, додава тој. „Туку, исто така, нема целосно платено родителско отсуство достапно за повеќето американски жени – САД се едни од неколкуте земји без федерално платено породилно отсуство. Па кај хетеросексуалните парови, ако нивните сопруги треба да земат неплатено отсуство за физички да заздрават од породувањето, мажите треба да бидат високо компензирани или финансиската тешкотија е навистина изразена“, вели Харингтон.

Придобивките од родителското отсуство се значајни за татковците, децата и бракот. Како што се напомена и претходно, кога татковците земаат отсуство, тоа ја поставува основата за поголема еднаквост помеѓу родителските обврски, на долг рок. 76 проценти од мажите и 74 од жените што Харингтон и неговиот тим ги анкетирале рекле дека грижата за децата треба да се споделува еднакво, но само половина од овие мажи и жени рекле дека всушност тоа и го прават. Ако мажите и жените почнат да земаат отсуство со исто времетраење, тогаш тоа е барем еден чекор напред во вистинската насока.

Автор: Џесика Грос

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top