Народната мудрост, од која по малку се плаши секоја идна мајка, не е тука без никаква основа. Тоа го потврдија и научниците од различни градови во Европа. Нивната студија покажала дека мајките со едно дете или повеќе имаат полошо орално здравје. А со тоа и зголемен ризик од губење на забите во втората половина од животот.

Мајката на три деца во своите 50-ти години во просек во устата има четири заби помалку од мајката на иста возраст со две деца, според Telegraf.co.uk. На здравјето на забите кај мажите раѓањето и животот со децата немале никаков ефект,  покажала студијата.

За оваа студија научниците ја спровелe анализата “Survey of Health, Ageing and Retirement in Europe “ (Истражување на здравјето, стареењето и пензионирањето во Европа), која вклучува податоци за 34.000 луѓе од 14 европски земји и Израел.

Можни причини за губење на забите

Научниците се сомневаат дека хормоните во бременоста влијаат врз чувствителните непца кои се склони кон воспаление (гингивитис), а честото повраќање во првите неколку месеци од бременоста, јадењето брза храна или желбата за слатки ги напаѓаат забите и се зголемува ризикот од кариес.

Исто така, недостигот на време и ментална сила, заморот и зголемувањето на финансиските трошоци може да ги натера жените да го одложат навременото лекување. Особено се подложни мајките кои по ред раѓаат повеќе деца бидејќи кај нив комбинацијата од недостиг на време и занемарувањето на здравјето на забите резултира со повисоко расипување на забите.

Како бремените жени може да ги зачуваат своите заби

Експертите им препорачуваат на трудниците не само темелно да ги мијат своите заби, туку и секојдневно да ги чистат со конец за заби. Посебно нагласуваат да се избегнува миење на забите веднаш по повраќањето (и по консумирање кисело овошје). Тогаш е потребно само да ја исплакнете устата и да почекате 60 минути за да ги измиете забите. Тоа е важно бидејќи желудочната или киселината од овошјето ја топи глеѓта на забите и со четкањето на забите го отстрануваме  чувствителниот слој на забите и може да ги нападнат бактерии.

Како мерка на претпазливост, жените би требало да посетат стоматолог најмалку двапати во текот на бременоста.



912

X