Еден ден, старец сретнал млад човек кој го прашал:

– Се сеќавате ли на мене?

Старецот одговорил негативно. На тоа човекот му рекол дека некогаш одамна бил негов ученик. Потоа професорот го прашал:

– Ах, да? И со што се занимаваш сега?

Младиот човек одговорил: Учител сум.

– Ох, колку убаво. Како мене – одговорил старецот.

– Ех, да. Всушност, станав учител бидејќи токму вие ме инспириравте да бидам тоа.

Старецот бил љубопитен, па го замолил да му раскаже како е тоа можно.

Младиот човек му ја раскажа оваа приказна:

– Еден ден, мојот пријател дојде на училиште со преубав нов часовник и јас му го украдов. Набрзо друг пријател ја забележа кражбата и веднаш му се пожали на нашиот учител, а тоа бевте вие. Потоа вие на сите во одделението им рековте:

– Во текот на денешните предавања украден е часовникот на вашиот пријател. Тој што го украде, го молам, да го врати.

Но, јас не сакав да го вратам. Потоа вие ја затворивте вратата и ни рековте да станеме за да можете да ги проверите нашите џебови, еден по еден. Меѓутоа, претходно ни рековте да ги затвориме очите. Тоа го направивме, а кога дојдовте до мене, го пронајдовте часовникот и го зедовте. Продолживте да пребарувате по џебовите на сите ученици и кога завршивте рековте:

– Отворете ги очите. Го пронајдов часовникот.

Потоа никогаш ништо не ми рековте и никогаш не го споменавте тој настан. Никогаш не го откривте името на тој што го украл часовникот. Тој ден вие ми го спасивте достоинството засекогаш. А тоа беше најсрамниот ден во мојот живот. Никогаш ништо не ми споменавте за тоа. Иако поради тоа не ми викавте и не ми одржавте морална лекција, јас ја разбрав пораката. Благодарение на вас, сфатив дека тоа е начин на кој треба да постапува вистински воспитувач. Се сеќавате ли професоре, на таа случка?

А професорот одговори: Се сеќавам на случајот со украдениот часовник и дека ги пребарував џебовите на сите ученици, но не се сеќавам дека тоа беше ти. И јас ги затворив очите додека ги пребарував џебовите.

„Ако имаш потреба да понижиш некого за да го поправиш, тогаш не знаеш да подучуваш… немој да бидеш учител…“

Извор



912

X