Скокањето е корисно, само водете сметка малите деца да не го прават тоа на каучите блиску до остри рабови.

Родителите обично се обидуваат да ги смират своите деца кога без причина ќе почнат да скокаат бидејќи се плашат да не се повредат или затоа што тоа им го нарушува мирот во домот, но експертите велат дека тоа е грешка. Истражувањата покажуваат дека спонтаното скокање е добро за здравјето на децата и тоа од повеќе причини.

Оваа активност е, пред сè, вистинска кардиоваскуларна вежба, тренинг кој го зајакнува срцето. Ја подобрува координацијата бидејќи малите деца додека скокаат, ги користат двете страни на мозокот и телото за да ја одржуваат рамнотежата. Се зајакнуваат мускулите на начин како што тоа го прави секоја физичка активност. Позитивно се одразува на тежината бидејќи децата што редовно скокаат имаат помали шанси да страдаат од дебелина.

Скокањето ги прави радосни, затоа што најмладите во тоа гледаат одлична забава. Со скокањето се елиминираат токсините од организмот. Се разбира, ова не би требало да значи да не обрнувате внимание на своето дете, бидејќи безбедноста во овој случај е важна, па така водете сметка детето да не скока на некоја мека површина за да не се повреди.

Извoр



912

X