Воспитување

Зошто самохраните татковци се најпривлечни?

На жените најпривлечни им се самохраните татковци, открива истражување на сервисот за онлајн-запознавање

Сервисот за онлајн-запознавање Zooks направи истражување за тоа кои типови мажи им се најпривлечни на жените. Резултатите ги зачудиле зашто мускулестите момци испаднаа од игра, а најпосакувани се самохраните татковци.
Во истражувањето учествувале 3.051 жена што не се во врска, а анализирани се 301.242 пораки. Заклучокот е дека дојде време за самохраните татковци.


Повеќе од 92 отсто од жените се отворени за врска со самохрани татковци.
Изненадувањата не престануваат тука зашто 86 отсто рекле дека им одговара обликот на телото што го имаат тие татковци. Дури 41 отсто од жените рекле дека би одговориле на порака на самохран татко што нема мускули.
Ова е видливо зголемување во споредба со 2016 година, кога 83 отсто од жените изјавиле дека би излегле на состанок со самохран родител.

Жените веруваат дека самохраните родители имаат чувство за одговорност за друга личност и сфатиле дека не се центар на светот. Исто така, веруваат дека тие се грижливи, стрпливи, одговорни и поразбрани од другите мажи.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top