Дали некогаш сте експлодирале пред своите деца бидејќи ја игнорирале вашата 48. наредба да одат во кревет и да ви го вратат „ајпадот“ или да ги стават чевлите на место или да ги облечат или да ја јадат вечерата? Едукаторот за родителство Меги Дент има одлични совети за родителите.

Лутината и синдромот на совршен родител

– Лутината е многу валидна човечка емоција. Луѓето зборуваат за добрите и лошите емоции, но тие се еднакво валидни. Под лутината има симптоматска емоција. Има нешто длабоко под тоа – вели Меги, додавајќи дека несигурноста, исцрпеноста и нереалните очекувања може да се причина за реакциите.

– Нашите деца треба некогаш да нè видат и кога сме лути. Кога сте бесни, треба да опишете зошто така се чувствувате, на пр: – Јас се чувствувам вознемирено бидејќи сум изморен и не сум сигурен како да ти објаснам дека треба да ми го дадеш ајпадот“ – ова може да помогне да се отстранат лошите чувства – вели Меги. Не обвинувајте ги вашите деца, вели таа.

Поправка

Што можат да направат родителите за да не дојде до „експлозија“ на чувствата? Започнете со приспособување на очекувањата, вели Меги.

– Поддржувањето на денешните родители е многу важно бидејќи многу работи се променети. Не само што очекувате дека треба многу нешта да се направат, туку и барате од себеси да бидете совршени. Треба да работите со полно работно време и да готвите и уште што сè друго не… постои огромно очекување. Има многу информации за тоа како треба да изгледа родителството и што се случува кога родителите имаат нереални очекувања, или пак која е улогата на родителите. Има периоди кога секој родител, вклучувајќи ме и мене, е навистина лут и фрустриран бидејќи понекогаш родителството е многу тешко. Да бидеме реални – вели Меги.

Рецепт за лутина

Меги вели дека чувствата на неадекватност и неуспех може да ја хранат нашата лутина, поткопувајќи ја под површината.

– Си кажуваме себеси некои внатрешни приказни што не се вистинити, а потоа ги додаваме на нашето чувство на неадекватност. А потоа кога се чувствуваме така, сакаме тоа да го исфрлиме на некого, бидејќи природна работа е да сакаме да го проектираме сето тоа во форма која често е емоцијата лутина. Секој родител има моменти кога лутината избива на површина, па дури и ги плаши. Тоа не е знак дека не сте добра личност. Тоа е знак дека нервниот систем е премногу оптоварен.

Меги вели дека едно решение е свесно да одвоите време за да забавите и да живеете во моментот. „Стануваме како машини, а не луѓе“, вели Меги, советувајќи ги родителите да престанат да брзаат и да се сетат да дишат длабоко на секој час или два.

Воздишка

Друг изненадувачки начин за да се забави е да им се овозможи воздишка на големите емоции, објаснува Меги. Истражувањата покажуваат дека ако започнете да воздивнувате и земате воздух во текот на денот, вашиот нервен систем се смирува. Таа советува нежна воздишка или целосна пауза.

– И вашите деца ќе почнат да го применуваат тоа. Излезете надвор и одвојте време за себе, па и вашите деца ќе научат така да се однесуваат. Изградете стратегии за домот кои ќе помогнат да се смири вашиот нервен систем – советува Меги.

Намалување на границите/очекувањата

Друга стратегија е да ги приспособите идеите за тоа како треба да изгледаат родителството, децата и семејството.

– Кога нашите очекувања за нас и за децата се нереални и не можат да се остварат, тогаш се разбира дека ќе се јават фрустрации. Постојано им велам на родителите да ги намалат очекувањата. Намалете го очекувањето за тоа колку чиста треба да биде куќата.

Меги вели дека родителите треба да разберат дека секогаш ќе има борба и тешкотии. Родителите треба да знаат дека очекувањата  се многу високи за малите деца. Ги советува да избегнуваат споредување на децата.

– Мислам дека треба малку да забавиме и да се повлечеме. Едноставно оставете ги децата да бидат деца. Одржувајте ги во живот. Оставете ги да играат и да го истражуваат животот и да бидат колку што е можно физички поактивни.

Автор: Пип Линколн



912

X