Воспитување

Зошто родителите не смеат да велат дека ќе го остават детето

Сигурно многу родители имале ситуација кога детето одбива да замине, од парк или игралиште. Колку и да е примамливо да се заканувате дека ќе ги оставите сами ако не тргнат што е можно поскоро, експертите откриваат зошто родителите никогаш не треба да го прават тоа.

Оваа приказна сигурно ви е позната. Излезени сте на прошетка со вашето дете. Сакате да одите на вечера, бебето вреска, а детето оди наназад барајќи камчиња во паркот, и покрај тоа што многупати го замоливте да седне во количката. Потоа настанува незадоволство и вие велите нешто како: „Добро, заминувам!“ Детето и понатаму си игра игнорирајќи ве. „Добро, навистина, заминувам“, па навистина го правите тоа, а детето почнува да плаче и да трча по вас.

Напуштањето на паркот или некое друго забавно место понекогаш е навистина тешко за најмалите. Тие едноставно не сакаат да го напуштат паркот, тажни се поради тоа и сакаат да останат. Кога ќе му кажеме на нашето дете: „Те оставам!“ ние ненамерно му велиме: „Твоите чувства и желби не се важни, заминувам сега, треба да ме слушаш.“ И тоа е прилично застрашувачко, па дури и штетно за неговата психа.

Мајките набројуваат едноставни чекори што секој родител треба да ги преземе кога се обидува да го однесе детето дома.

Покажете разбирање. Кажете дека разбирате дека тие многу добро се забавуваат и дека сфаќате дека им е тешко да си заминат. Сепак, цврсто поставете ги границите. Решително кажете дека е време да си одите дома, пред конечно да ги замолите да смислат нешто забавно што можат да го направат дома, кога ќе се вратат.

Мајките веруваат дека границите се клучот за успехот.

Не чекајте да настапи целосно распаѓање на системот. По првите 2 предупредувања, цврсто, самоуверено тргнете го детето од игралиштето и кажете му: „Разбирам, заминувањето е многу тешко. Сега ќе ти помогнам.“ Детето најверојатно ќе биде многу вознемирено, но имајте на ум дека тоа е сосема нормално. Сите ние понекогаш се чувствуваме така. Но, важно е да покажете разбирање за неговите чувства во тој момент, а исто така цврсто и одлучно да се држите до претходно поставените правила и граници.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top