Имам кратко искуство како мајка и сфаќам дека тоа е всушност мал период за да се соберат потребните знаења. Допрва доаѓа време кога ќе треба на моето дете да му помогнам во одвикнувањето од пелени, потоа со училишните проблеми, а потоа доаѓа пубертетот! Но, како што поминува времето, а јас се подготвувам за она што доаѓа, размислувам и сигурна сум дека ќе станам строга мајка.

Што значи да се биде строга мајка

Да се биде строга мајка, значи да ѝ му покаже на детето цврста љубов. Значи да се биде нежна, но строга. Тоа значи да се биде паметна. Да се биде цврста и фер. Значи дека ќе ја научам мојата ќерка која е разликата помеѓу правилното и погрешното. Тоа значи дека ќе направам сè што е во моја моќ да ја подготвам ќерка ми за реалноста на животот кој е пред неа. Среќна сум што мојата сопствена мајка е толку добар пример за мајчинство. Сега сум благодарна за сè што ме научи во текот на годините, иако во тој момент мислев дека таа е најлошата мајка во вселената. Токму таква мајка јас сакам да бидам.

Еве го мојот секојдневен список со идеи како ќе ја одгледувам ќерка ми:

– Планирам да ѝ кажувам да ги собере играчките штом ќе заврши со играта.
– Штом ќе биде доволна возрасна, ќе ѝ дадам задачи како да помогне во домот.
– Ќе ја научам да готви, па одвреме-навреме таа да прави оброци за целото семејство.
– Ќе ѝ речам да оди во природа наместо да гледа телевизија.
– Ќе ја научам да не бара работи при шопинг во продавница бидејќи нема да ѝ купам сè што ќе сака.
– Ќе ѝ речам „не“. Веројатно многу пати.
– Нема да ѝ дозволам да јаде оброци настрана од масата.
– На спиење ќе оди рано.
– Ќе ѝ ги објаснам семејните правила многу јасно и ќе ја казнам кога ќе ги прекрши.
– Нема да ѝ го дадам тоа што го сака кога ќе заплаче.
– Нема да ѝ дозволам да се извлече со одолжување.
– Ќе ја носам на тренинг (пијано, танцување, фудбал, што и да избере) дури и ако не сака да оди секојпат.
– Нема да ѝ дозволам да изеде цела чинија слатки.
– Ќе ја натерам да носи кацига дури и ако ја мрази.
– Ќе го сопрам автомобилот ако безбедносниот појас не ѝ е врзан.
– Ќе ја натерам да каже „добра ноќ“, дури и ако е лута.

Ризиците од тоа да се биде строга мајка

Сега, откако сето ова го кажав, сосема сум свесна дека мојот список ќе се менува со текот на времето. Едно е да се каже каква мајка ќе бидам, а сосема друго е тоа да станам, но тоа е во ред. Како што ќе расте мојата ќерка, така јас подобро ќе сфаќам што всушност е и што значи да се биде мајка, ќе учам од своите грешки и ќе работам на промени. И сфаќам дека овој список може не ме прави забавна или „кул“ мајка. Мојата ќерка веројатно ќе ми се лути еднаш или двапати, или можеби многу пати. Можеби нема да ја донесам одлуката за која таа мисли дека е правилна или онаа што ја сака, но јас ќе ја сакам најмногу на свет и тоа ќе ѝ го кажувам секој ден. Јас ќе се грижам за неа и ќе бидам тука за неа без разлика што ќе се случи.

Ќе дадам сè од себе да ја научам како да го живее животот на најдобар можен начин. Ако тоа ме прави строга мајка, тогаш таква мајка сакам да бидам.

Автор: Емилин Гил

Извор



912

X