Играчките за бањање се составен дел од растењето на децата, особено ако децата не сакаат да се бањаат.

Со шарените, гумени „другарчиња“ што испуштаат забавни звуци бањањето станува игра наместо непријатност. Но, дали знаете дека овие играчки можат да бидат опасни?

На интернет постојат многу сведочења од родителите кои ги исекле гумените играчки и наишле на прилично непријатна глетка. Познат е и случајот на едно детенце кое за малку ќе го изгубело окото кога ненамерно си шприцнало течност во окото од гумена пајка, бидејќи во внатрешноста на играчката се криеле опасни бактерии поради кои добило силна инфекција.

Една мајка од Велика Британија на социјалните мрежи сподели фотографија на која се гледа пресечената гумена играчка за бањање која редовно ја пери и ја суши, но и покрај тоа во неа имало гнасотија.

– Никогаш не сум видела нешто поодвратно. Пајките и другите играчки беа полни со црна мувла. Веднаш ги фрлив и повеќе никогаш нема да купам вакви работи – напишала оваа мајка и додала дека редовно ги мие играчките, но бидејќи не можат внатре да се исушат, тие се идеално место за развој на опасни бактерии и мувла.

Извор



912

X