Воспитување

Зошто никој не сака да ѝ даде предност на мајка со деца на каса?

Стојам околу 18 часот навечер во долг ред пред една од трите каси кои работат во еден од белградските маркети, не е важно кој. Пред мене стои млада жена со ќерка и мал син, од речиси 2,5 години, в прегратка. Детето плаче, кенка, гледам дека е изморено или гладно и дека му е топло во јакната. Молчат сите во редовите, детето вреска, никако да ја пропуштат мајката со двете деца да оди на каса.

– Зошто не ги прашате луѓето да поминете пред нив? Имате право на тоа – ѝ реков. Детето ви плаче, а имате и девојче. Тешко ви е со таа корпа и синот кој го носите. Не е во ред да чекате. Мајките со деца имаат предност.“

„Леле, не можам да прашувам. Не сакам покрај сите маки уште и да се расправам со луѓето.“

„Јас можам!“ – ѝ реков, па викнав од мојот ред пред касата: „Зошто не ја пуштите оваа мајка со две деца да плати пред вас? Зарем не слушате дека детето плаче?“

Никој не се сврти. Никој не рече ништо.

„Драги касиерки! – им се обратив на вработените. – Зошто не ја повикате оваа жена со мали деца да помине и да го плати тоа што го има во корпата?“

Збор не рекоа. Едната ме погледна, другите продолжија да ги скенираат производите од оние што не сакаа да ја пуштат жената со две мали деца да плати пред нив. Изгледа дека жените заборавиле дека имаат деца дома. Бабите се правеа дека немаат внучиња. Девојките од редот не знаат што ги чека наскоро. Момчињата гледаа во своите телефони. Не го слушнале детето како вреска. Секој си мислеше само на себе.

Каков народ станавме? Или, всушност, отсекогаш сме биле такви?

Автор: Виолета Бабиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top