Ако сте една од трудниците што немаат утрински мачнини, дознајте која е причината за тоа и дали треба да се загрижите?

Сите идни мајки се борат со мачнини во текот на бременоста, а вие сте поминале низ првото тримесечје без назнака за мачнина и повраќање. Но, иако го немате тоа непријатно чувство, можеби се прашувате дали вашето бебе е добро или што не е во ред со вас? Без грижа! „Речиси 30 отсто од трудниците ги прескокнуваат мачнините“, вели д-р Мишел Хакака, гинеколог од Беверли Хилс и автор. „И тоа е дефинитивно нешто околу кое би требало да бидете среќни“.

Па, кои се тие среќници што го избегнуваат „забавувањето“ во тоалетот? Сосема искрено, тоа би можело да биде кој било. „Некои жени може да доживеат утрински мачнини, а некои едноставно не ги доживуваат. Некои ги немаат во првата бременост, но ги имаат во втората и обратно“, вели д-р Мара Френсис, гинеколог од Тексас и автор. „Не доживува секој утрински мачнини, баш како што секој не доживува мачнини од патување“. Можеби имате поцврста градба. Можеби подобро се справувате со порастот на нивото на хормони, како естроген и други хормони кои се лачат во текот на првото тримесечје. Тие нивоа брзо се шират во првите недели од бременоста, што може да предизвика проблем во желудникот. Откако ќе дојдете до второто тримесечје, тие нивоа, иако се во пораст, сепак полесно се поднесуваат.

Кај помал процент на жени недостигот на утринска мачнина може да укажува на тоа дека нивното ниво на хормони е значително пониско од просекот и имаат зголемен ризик од спонтан абортус, но тоа најчесто не е случај – а и секако не треба да се грижите ако не чувствувате утрински мачнини сè додека гинекологот мисли дека нивото на хормони е задоволувачко.

„Ми доаѓаа многу жени во паника бидејќи немале утрински мачнини и мислеле дека се под голем ризик од спонтан абортус. Ако немате утринска мачнина, тоа не значи дека имате абнормални нивоа на хормони, тоа само значи дека подобро ја толерирате бременоста“, вели д-р Френсис.

Сепак, не веселете се прерано. Дури и ако минатото прво тримесечје било без мачнини, тоа не значи дека воопшто нема да ги имате. Иако повеќето жени ги чувствуваат помеѓу 8. и 14. недела, секоја жена и секоја бременост се различни, па својата порција мачнини можеби ќе ја добиете подоцна.

Да заклучиме, ако сте без мачнини, сметајте се за среќна и уживајте во фактот дека тоа што многу жени го сметаат за најтежок период во бременоста, вие го поминувате без премногу проблеми.

Извор



912

X