Игротека

Зошто некои мажи не плаќаат алиментација

Деновите кога жените не можеле да се разведат од сопрузите завршија. Денес, жените не мора ни да се омажат за некоја личност за да може да живеат со неа или да имаат деца со неа. Но, станува малку покомплицирано ако имате деца бидејќи претходно финансискиот товар бил преполовен, а во случај на разделба, еден од родителите треба да плаќа алиментација.

Според податоците од САД, во 85 отсто од случаите мажите плаќаат алиментација и нашироко е познато дека не секогаш се среќни со тоа, иако станува збор за нивно дете.

Но, твитер-корисникот „Nsafoa’s Lost Key“ има теорија зошто е тоа така.

Таа вели дека причината е помалку поврзана со парите, а повеќе со психологијата на маж кој сака да има контрола, но сега кога детето не живее со него и нема контрола над семејството, има помал интерес за обезбедување грижа за нив.

Таа тврди дека откако мажите создале ново семејство, со задоволство го поддржуваат финансиски и смета дека тоа е доказ дека парите не се проблем.

– Токму затоа тие не се одлучуваат да бараат старателство за децата. Бидејќи примарното старателство нема да го реши нивниот проблем. Бидејќи нивниот проблем е загубата на контрола, а не потрошените пари – вели таа.

Голем дел од твитер-корисниците се согласуваат со нејзината теорија и нејзиното мислење.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top