Вашето дете отсекогаш било „мамино галениче“ и покажувало нежност, но одеднаш почнало да покажува отпор при секој ваш обид да го прегрнете или бакнете? Иако е познато дека многу родители се загрижени кога ќе се случи тоа, психолозите објаснуваат дека ова е всушност многу честа и сосема безопасна појава, особено кај малите деца.

Имено, одредена отпорност кон прегнувањето е нормална, особено во годините кога детето учи да биде самостојно. Сосема е природно што на оваа возраст има тенденција самото да истражува и да реализира активности соодветни на возраста, наместо да седи во скутот на своите родители. Всушност, психолозите тврдат дека тоа е знак за здрава независност. Меѓутоа, доколку детето не сака да го допираат и изгледа физички и емоционално оддалечено, на родителите им се советува да побараат помош.

Исто така, физичкиот допир е само еден начин на изразување наклонетост и социјализација. Споделување забавен момент, насмевка и воспоставување контакт со очите се дел од многуте начини на кои луѓето можат да се поврзат.

Ако вашето дете не сака бакнежи, но сака да ви носи играчки и да игра со вас, или ви се насмевнува додека трча по игралиштето, тоа сепак покажува љубов кон вас, тврдат психолозите.

Извор



912

X