Здравје

Зошто некои бебиња се раѓаат со бујна коса, а некои без коса

Сигурно во текот на дружењето со родители и нивните бебиња сте забележале дека некои деца се раѓаат без, а некои со многу коса. И сигурно се прашувате како е можно тоа? Иако многумина тврдат дека не постојат научно докажани причини поради кои бебето ќе има бујна коса уште при раѓањето, се претпоставува дека има нешто во хромозомите и генетиката.

Се пренесува во семејството

Генетиката изгледа е најуверливото објаснување на мистеријата колку коса ќе има вашето дете при раѓањето. Повеќето особини што вашето бебе ги наследува се резултат на комбинирање на неколку гени кои го формираат неговиот изглед. Кога гените ќе се спојат, некои особини, како бојата и густината на косата, се зголемуваат, додека некои се намалуваат. Ако вашето бебе наследи комбинација на гени кои влијаат врз растот на косата, има поголеми шанси да се роди бушаво. Според статистиките, новороденчињата што се потемни на тен обично имаат повеќе коса од децата со светол тен.

Дали е важно што јаде мајката во бременоста?

Во текот на 14. и 15. недела од бременоста на детето почнуваат да му растат влакненца, а тоа се случува во два циклуси. Еден од факторите што може да одредат дали детето ќе се роди со коса е и храната што ја внесувате во текот на бременоста.

– Рибата е богата со омега-3 и омега-6 масни киселини, за кои се знае дека поттикнуваат раст на косата.
– Јајцата влегуваат во намирници кои поттикнуваат раст на косата бидејќи се богати со протеини.
– Постојат и други намирници, како овошја богати со витамин А, кои го поттикнуваат растот на косата. Освен тоа, сушеното овошје и јаткастите плодови се богати со минерали, протеини и влакна, а општо го поттикнуваат и развојот на фетусот.

Затоа, не постои сигурен начин да дознаете дали вашето бебе ќе има бујна коса или ќе биде без коса сè до моментот кога ќе го здогледате. Тешко е дури да се предвиди дали вашето дете ќе биде со низок или висок раст.

Примарниот фактор за бујна коса или ќелавост кај бебето се крие во комбинација на гените, кои може да бидат разновидни и да ги одредуваат и типот и бојата на косата. Но, ако и бебето се роди со многу коса, нема гаранција дека таа коса ќе му остане. Има деца што се раѓаат ќелави, а во текот на првата година од животот им расте густа коса, и обратно – децата што се раѓаат со густа коса ја губат, а им расте тенка и нежна коса.

Автор: Сања Маташиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top