Еве зошто родителите не треба да зборуваат лоши работи за своето дете:

1. Затоа што зборовите имаат огромна сила.

Му зборувате на детето дека е безобразно и не се грижите за тоа, сигурно ќе ви ги „исполни очекувањата“.

2. Затоа што така ја намалувате сопствената верба во добар исход.

Ако сакате вашето дете да се однесува на одреден начин, мора да имате верба во таквата можност. Својот став ќе му го пренесете и на детето. И тоа ќе се проценува себеси во зависност од вашето мислење.

3. Затоа што оној што сака не осудува, туку прифаќа.

Родителската љубов треба да биде безусловна. Далеку од тоа дека на децата не треба воспитно да им се влијае, па јас сум позната по „строгоста“, но кога некого сакате, го сакате целосно. Кој друг ќе ги сака и прифати мааните на детето ако не родителот?

4. Затоа што лошите зборови најмногу болат кога се кажани од родителската уста.

Ние, возрасните, знаеме дека и денес во овие години се вознемируваме поради коментарот од нашиот татко или од тоа како мајката ќе нè процени.

5. Затоа што тоа значи недостиг на поддршка.

Ова е јасно. Поддржете го тој што го сакате. Критиката и навредите не се поддршка.

6. Затоа што тоа и вас ве боли, бидејќи тоа е облик на самоповредување.

Изговорете сега, веднаш, две реченици кои кажуваат лошо за вашето дете и размислете како се чувствувате. Дали ве болеше?

7. Затоа што вие не ги знаете сите причини на детето.

Само детето докрај ги знае и ги разбира своите потреби, ние само претпоставуваме за што се работи.

Затоа, немојте да се обидувате да ги освоите симпатиите на другите родители така што ќе бидете самокритични кон своето дете. Кога следниот пат некој ќе ве праша како се однесува вашето дете или како реагира во некој случај, најдобро е да одговорите некако скромно, позитивно, мајсторски, да не се фалите, но и да не кажете нешто негативно. Ако стоите на ставот дека немате за што да се пофалите, кажете дека работите на тоа и дека забележувате позитивни промени.

Треба уште да се напомене дека сето ова се однесува на вообичаените дневни коментари и секојдневни попатни разговори.

Сосема е друг случај ако имате проблем и сакате некому да му се доверите и да побарате помош.

Автор: Билјана Грбовиќ, Здружение на родители „Лични развој“, Србија



912

X