Родителите често прават грешка кога е исхраната на децата во прашање. Често од децата се очекува да изедат сѐ што им е сервирано, а тоа се покажало како лошо. Иако родителите имаат главна улога кога се прехранбените навики на децата во прашање, важно е да не се прават грешки кои негативно ќе влијаат врз децата.

Децата можеби нема да имаат шанса да развијат здрав однос кон храната

Децата мора да бидат способни да разберат кога се гладни и кога се сити. За да ги научите да имаат нормален однос кон храната, важно е тие самите да одлучуваат колку сакаат да јадат и да престанат во моментот кога нивното тело и ум се задоволни.

Јадењето станува мерило на успехот

Нема потреба да се фалат децата бидејќи добро јадат. Уште една грешка која родителите може да ја направат е кога ги прекоруваат децата што не изеле сѐ од чинијата, што е штетно за нивните прехранбени навики.

Му ја одзема контролата на детето над сопственото тело

Родителите би можеле, за почеток, да се фокусираат на својот авторитет, а не на промовирање здрави избори на храна. Експертите советуваат на децата да им дозволите сами да одлучуваат и да ставаат граници во однос на храната.

Врската помеѓу телото и мозокот може да стане послаба

Кога јадеме, мозокот прима сигнали од дигестивниот систем. Ако родителите не им дозволуваат на децата да го слушаат својот мозок, научниците предупредуваат дека тоа би можело да предизвика долгорочни проблеми.

Децата би можеле да ја замразат здравата храна

Ако искуството со храната што го нуделе родителите било негативно, тогаш постои шанса детето да почне да го избегнува тој вид храна, станувајќи сѐ попребирливо. Поради природниот страв од непозната храна, нормално е прво да одбие да јаде некои производи, но кога одбивањето ќе наиде на притисокот да јаде, голема е веројатноста поврзаноста со тој производ да не биде позитивна.

Извор



912

X