Како да постапите во ситуација кога роднините и пријателите без прашање им се приближуваат на вашите малите деца и ги бакнуваат и гушкаат.
Ја знаете онаа ситуација кога роднината ќе ви дојде на гости, па сите излегувате пред куќата за да ја пречекате. Па доаѓа до гушкање и бакнување. Во тој момент децата имаат инстинкт да се сокријат или да избегаат. Особено ако дошол некој што ретко го гледаат.
Во таква ситуација немојте никогаш да ги принудувате да ги гушкаат и бакнуваат роднините. А на роднините објаснете им дека детето не е расположено за гушкање и дека во тоа нема ништо лошо. Вашето дете нека слушне дека сте на негова страна, па дури и ако бабите и дедовците почнат да зборуваат „дека повеќе нема да дојдат“ ако детето не дојде да ги прегрне.

Еве зошто е важно да не го терате вашето дете да се гушка и бакнува со „странци“:

Неопходно е детето само да формира телесна граница, па така подоцна ако се најде во некоја ситуација и да помисли дека не треба некого да го прегрне, дури и ако лицето инсистира да го прегрне, одлучно да каже „не“ или да побегне.
„Принудувајќи ги децата на допир, кога самите не го сакаат, тоа ги прави ранливи кон злосторниците, кои се често од најблиската околина“, вели колумнистот Катја Хитер.

Споредбата на лице што злоупотребува деца со баба која сака да го прегрне своето внуче е малку чудна и банална, но многу е корисна.
Детето не знае за граници. Детето не знае да ја види разликата помеѓу злосторник и баба. Едноставно, за детето тоа е нешто што мора да го направи. Тоа „мора“ да го издржи бакнежот од жена која често ја гледа, па зошто тогаш и да не „го издржи“ допирот од лице што не го гледа често…
Ако ги терате да ги гушкаат и бакнуваат роднините што не ги гледаат често, тие подоцна ќе „истрпат“ и ќе ја гушнат личноста која можеби е злосторник, пишува страницата Econet.ru
Родителите мора да ги заштитат своите деца, дури и ако сите роднини им се лутат. Сетете се само колку ви беше непријатно кога ве штипкаа за образ и ве гушкаа и бакнуваа непознати тетки, баби, стрини…..

Зошто е ова потребно за вашето дете?

Без разлика што мислат вашите роднини, одбивањето за прегрнување и бакнување на роднините не се смета за лошо однесување на вашето дете.

Како ова да им го објасните на вашите роднини

Најважно е детето да ве слушне дека го поддржувате и дека јасно на роднината му кажавте: „Не! Тој не сака да се прегрнува и бакнува! Не сака такво поздравување!
Ова „не“ е пресудно за растење на детето. Самото дете во најраното детство ќе научи дека „не“ значи „не“, дека овој збор има моќ.

За да избегнете бакнежи и прегратки, детето може да ги поздрави роднините со ракување, или посебен вид ракување (тајно ракување) со поблиските роднини.
Основна задача на родителот е да го научи детето да се заштити. Па дури и ако тоа излезе и од најневините работи, како што се нежните прегратки и бакнежите од роднините.



912

X