Воспитување

„Ме преплашува помислата да добијам ќерка“

Имам 20 години. Уживам во животот и во сè што искусувам како млада личност. Тоа не значи дека не замислувам како основам семејство еден ден. Моите родителите ми овозможија прекрасно детство и живот исполнет со подеми и падови, па се надевам дека ќе можам да им го пренесам тоа и на моите идни деца. Пораснав учејќи животни лекции кои очајно имав потреба да ги знам, па сакам да оставам наследство кое ќе продолжи да ги промовира истите вредности.

Но, она што ме преплашува е помислата да добијам ќерка.

Мини верзија од себеси, некој што ќе поминува низ притисоци и кршење на срцето, постојано сексуализирање на женското тело, како и низ концептот дека мора да се изгледа совршено без маана за да се биде забележан. Некој што ќе се гледа себеси во огледало секој ден и ќе се обидува да ги истакнува предностите за да им се допадне на момчињата. Мачно ми е да помислам дека ќе одгледувам девојче на кое ќе му биде кажано дека мора да го има првото сексуално искуство додека да дојде до средно образование инаку нема да биде „кул“.

Не сакам да го одгледувам моето совршено девојче, за да го најдам како плаче во својата соба бидејќи било искористено.

Не сакам да расте исплашено од семејно насилство.

Не сакам луѓето да ѝ кажуваат дека е нејзина вина што момчето ја удрило, или дека нејзината облека значи дека сака да биде искористена.

Не сакам момче да ѝ дава премногу да пие за да го украде нејзиното основно право на избор.

Сакам да имам син. Сакам тој да порасне силен и сочувствителен. Да ја сака мајка си и да ги почитува сите жени на својот живот. Да се угледува на својот татко и да се восхитува на неговата интелигенција и способност за почитување. Ги слушам своите машки пријатели како зборуваат за девојки, а тоа ме нервира бидејќи слушам колку мажите не ги почитуваат жените. Недостигот на почит ги принудува девојчињата да се приспособуваат на она што мислат дека ќе им го привлече вниманието на момчињата. Одвратно е да се знае дека е невозможно девојчињата да најдат некој што нема да им побара компромитирачка фотографија или да мора се приспособат на двојни стандарди.

Денес, да се биде жена е премногу тешко.

Не можам да замислам како ќе се одвиваат работите додека да добијам деца и не можам ниту да замислам како имам ќерка која ќе расте во тие околности.

Ќе го пречекам секое дете во мојот живот, но ќе се молам секој ден да не добијам девојче кое ќе ми го крши срцето секојпат кога и нејзиното ќе се скрши или дали ќе го избере патот кон кој била притисната, како и дека ќе го изгубам погледот на тоа совршено малечко девојче кое некогаш го држев во прегратка.

Извор

Поврзани написи

To top