Здравје

Зошто не губите килограми по породувањето

Некои студии покажуваат дека се потребни минимум 9 месеци за женското тело да се врати на тежината пред породувањето. Но, пред почетокот од вежбањето, побарајте совет од лекар, а за да го олесните враќањето на старата тежина, избегнувајте ги овие чести замки:

Премногу здрави намирници

Иако здравите намирници се најважни, особено ако доите, имајте на ум дека и здравата храна содржи калории. Намирниците што содржат здрави маснотии, како јаткасти плодови, кафеав ориз, производи без глутен – даваат енергија и се одлични за мајките. Меѓутоа, ако консумирате повеќе калории отколку што му се потребни на вашето тело, дури и оние од здрава храна ќе се претворат во масно ткиво. Затоа, бидете внимателни со големината на порциите и одвојте време за читање на етикетите. За да произведе млеко, организмот користи 100 до 150 калории дневно, добиени од разградување на масното ткиво. Совет е енергетскиот внес на доилките да не се спушти под 1800 калории дневно.

Хормонот коритизол

Кога новороденчето ќе дојде дома, настапува време на приспособување во кое родителите малку спијат. Како што се намалува количината на сон, така нивото на кортизолот се зголемува, па телото потешко го регулира метаболизмот. За жал, ова е неизбежно во мајчинството. За кортизолот да се одржува во рамнотежа, обидете се да го намалите стресот од другите извори. Кофеин, стрес и прерано почнување со вежбање по породувањето треба да се избегнуваат.

Прерано почнување или премногу вежбање

Освен заморот кој го чувствува, жената треба целосно да заздрави од породувањето за да им се врати на физичките активности. Жените што имале вагинално породување, би требало да почекаат најмалку 6 до 10 недели, а пред почетокот на кое било вежбање, да се консултираат со лекар. Прераното почнување со вежбање или премногу вежбање може да доведе до компликации – раздвојување на стомачните мускули или до исцрпеност. Кога ќе добиете дозвола од лекар за вежбање, посоветувајте се со експерти за вежбите што треба да ги избегнувате.

Поддршката е важна

Губењето на килограмите значи и поддршка од семејството. Уживањето во домашната храна и слатки десерти сигурно е пријатно, но важно е да се разговара со најблиските за тоа што сакате и кои се вашите цели. Не плашете се да ја исфрлите храната и работите што не ви одговараат. Ако вашиот напредок оди полека, не губете волја, најважно е да сте здрави.

Нереални цели

Застанете на момент, длабоко дишете и проверете што можете да направите денес за да бидете поблиску до својата цел. Студиите покажуваат дека најдобар план за слабеење е оној во кој губите еден до два килограми неделно. Поставете реални цели, како што е секојдневна прошетка во траење од 30 минути, намалете го внесот на индустриски преработена храна. Ваша цел нека биде здравиот живот кој со текот на времето ќе резултира со намалување на килограмите и добра кондиција. Во меѓувреме, уживајте со вашето бебе во најубавите животни моменти.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top