На веб-страницата „Aha!Parenting“ наидовме на прашање од мајка која бара совет како најдобро да го помине времето со својата седуммесечна ќерка.

Еве што одговори докторката на тоа прашање.

– Блазе на вашето дете со мајка како вас. Се восхитувам на вашата решеност целосно да му се посветите и да го направите она што е најдобро за него.

Она што на бебињата им е најпотребно во раниот развој е возрасен кој секогаш краткорочно ќе одговори на нивните потреби, Но, кој нема апсолутно сè да му подреди на детето. Бебињата се раѓаат со потреба да се развиваат преку комуникација со луѓето околу нив и да учат преку набљудување на секојдневниот живот. Тоа значи дека она што најмногу му треба на вашето бебе е да знае дека сте секогаш тука за него, но и дека не му го посветувате секој момент, туку му дозволувате да учи набљудувајќи како ги извршувате секојдневните активности. Затоа, ве молам, активно вклучете го вашето бебе во секојдневниот живот, но не фокусирајте се на секој момент секој ден.

Можеби ви изгледа како одговорно родителство, но посветувањето на секој момент на детето нема да помогне во неговиот развој! Најдобро ќе одговорите на неговите потреби така што ќе создадете соодветна средина во вашата куќа или стан за тоа да истражува.

Така што, ако го сакате најдоброто за вашето бебе, важно е да се грижите за неговите потреби – нахранете го кога е гладно, забележете кога е уморно, оставете го да истражува гледајќи го мравјалникот на игралиштето. Секако, треба да одвоите и малку време за играње со него: играјте криенка, играјте со играчки што го развиваат мозокот, играјте со коцки, и што е најважно, разговарајте со него. Но, ве молам, немојте да се оптоварувате и постојано да барате нешто со кое ќе го забавувате. Наместо тоа, обидете се да воспоставите ритам – на пример, навикнете го бебето кога ќе стане наутро, додека вие приготвувате појадок, тоа да си игра со играчките, а по појадокот следува прошетка.

Потоа во текот на денот, често комуницирајте со вашето бебе, со многу нежност и љубов. Многу луѓе не го знаат тоа, но емоционалната сигурност е многу поважна за интелектуалниот развој на бебето отколку играњето со разни едукативни играчки. Ова значи дека првенствено треба да се фокусирате на уживање со вашето бебе, комуникација и одговарање на неговите потреби, покажувајќи му нешто ново секој ден.

Затоа, не е време да го научите вашето бебе да брои или да му давате интелектуални задачи од класичен тип. И, не заборавајте, разговарајте со вашето бебе. Додека ги извршувате домашните работи, додека го храните, додека го носите, додека диплите облека. Продолжете да разговарате со него и нема да морате да се грижите за неговата интелектуална стимулација.

Наскоро вашето бебе ќе стигне до фазата на лазење, па истражувањето дури тогаш ќе стане вистинска забава. Ќе сака да истражува сѐ што немало можност дотогаш, а вие треба да внимавате да не го повторувате премногу често зборот „НЕ“. Ова е замка во која многу родители запаѓаат во желбата да го заштитат своето дете, не знаејќи дека го учат дека не треба да истражува и дека треба да си игра само со она што е веќе познато. Затоа, ако сакате да му помогнете на вашето бебе да се развие интелектуално, само оставете го да истражува. Нека не ви биде тешко да ги враќате паднатите книги на полицата повеќе пати секој ден. Таа брзо ќе премине во следната фаза и ќе сфати колку има да се истражува на овој свет.

Кои се игрите што можете да ги играте со вашето бебе? Пејте му, гушкајте ги играчките заедно, масирајте го, пуштете музика, играјте со него. И најдете начин да поминете време и со други деца и бебиња.

Дали треба да му пуштате едукативни видеа за бебиња? Експертите се против. Првенствено затоа што бебињата кои гледаат на екран поминуваат помалку време во интеракција со луѓето, што значи дека може да доцнат во развојот на говорните вештини. Второ, гледањето во екран го менува процесот на развој на мозокот. Сè уште нема точни податоци, но секоја употреба на екрани на рана возраст, кога мозокот се развива толку брзо, е поврзана со послаба концентрација кај децата.

Значи, прекрасно е да сакате да му го дадете целосното внимание на вашето дете, но немојте да го научите дека мора да биде продуктивно секој момент од денот.

Вистина е дека им е потребна секојдневна и квалитетна комуникација со родителите, но треба и да си играат со прстите, да слушаат музика и едноставно да го запознаат светот околу нив. Секое дете треба да знае дека сте таму додека игра, но вашето мешање во играта не е неопходно секој пат. Кога ќе го научите бебето да игра само, тогаш сте постигнале сериозен успех.

Вашето бебе е среќно дете. Уживајте во моментите поминати со него и ценете го секој момент што го поминувате заедно. Чувството да уживате со него е сигурно најскапоценото нешто на светот за него.

Извор



912

X