Извештајот од Центарот за општествени истражувања открил дека речиси половина од испитаните мајки сметаат дека во 80-тите и 90-тите години било многу полесно да се одгледуваат деца. Ова се некои од причините:

Немало мобилни телефони

Нашите мајки биле „неповрзани“. Без мобилен телефон, немало постојано пристигнување на пораки од „Вајбер“ или „Вацап“ за договори за кафе. Наместо тоа, нашите мајки едноставно се договарале за кафе-излегување со пријателките и сите се појавувале. Исто така, нашите мајки не морале да водат секојдневна битка со детето околу тоа кога ќе го добие својот мобилен телефон, зошто поминува толку време на мобилен и сè друго поврзано со мобилните…

Немало социјални мрежи

Нема сомнеж дека деновите пред „Фејсбук“ и „Инстаграм“ биле многу поедноставни. Замислете: никој не ги објавува своите „совршени животи“ и „совршени деца“ оставајќи ве да се чувствувате како целосно промашување. И никој не ги фотографирал константно своите деца/храна/миленичиња, не знаеле што значи хаштаг или не зборувале за своите најдраги филтри.

Ограничен број телевизиски канали

Тоа значело дека нашите мајки не требало да водат борба со постарите деца околу тоа која програма ќе се гледа или со помладите кои сакаат да гледаат цртани со часови.

Немало толку технологија

Нашите мајки во 80-тите години немале компјутер, а повеќето од нив немале ни во 90-тите. И иако на крајот на 90-тите компјутерите станаа повообичаени, тоа беа стари кутии кои не беа често употребувани. И дефинитивно немаше таблети, што значеше дека мајките не требало да водат разговори околу тоа чиј ред е да игра игри или да гледа цртани.

Никој не се грижел околу шеќерот

Сите знаат дека шеќерот е лош за здравјето. Но, доста е стресно да се знае со што точно ги храниме децата, а под „со што точно“ се мисли дека секојдневно сме бомбардирани со такви содржини преку медиумите, дури и ако не ги читаме деталните состојки од секој производ. Мајките во 80-тите и 90-тите дефинитивно не биле преплавени со извештаи за тоа што да јадат и колку да јадат, а што да не јадат децата. Наместо тоа, хранењето на децата било поопуштено и дефинитивно немало наметнато чувство на вина како што има денес.

Роденденските забави биле поедноставни

Дневната соба – ако е зима, дворот – ако е лето. Понекој балон и грицки. Тоа е сè што мајките некогаш требало да имаат за да организираат совршен детски роденден. Сега, ако немате сто играчки, некој што ќе ги забавува децата и тематска торта – имате промашена забава.

Немало такви работи како „трудничка мода“

Некогаш сите трудници носеле исти работи – важно било да биде широко и удобно. Денес постои своевиден притисок дека морате да изгледате „модерно“, па дури и во бременоста, кога стомакот ви е толку голем што не можете да си ги видите стапалата.

Немало константни совети за сигурноста

Од тоа што да се јаде во бременоста до тоа какво автоседиште да се користи – советите за сигурноста немаат крај кога е во прашање денешното родителство, да не споменуваме дека и постојано се менуваат, па така, на пример, една година некоја намирница е многу пожелна во исхраната, а веќе следната е забранета. Иако, треба да се спомене дека денес сепак автоседиштата се голем плус и по постојаното носење од едно место до друго, родителите дознаваат дека имаат мускули за кои никогаш не знаеле дека постојат.

Децата го правеле тоа што ќе им се кажело

Немало хеликоптер-родителство, позитивно родителство и слободоумно родителство. Наместо тоа, постоеле само јасно одредени родителски правила. Кога нашите мајки ни велеле нешто да направиме, ние тоа сме го правеле, и тоа веднаш. Денес има многу преговарање, викање или повторување.

Домашните задачи беа едноставни и јасни

Во 80-тите и 90-тите години домашните задачи се правеа на старински начин – во тетратка со молив, со нималку или малку помош од книгите (во зависност од задачите). Денес, тука е интернетот, односно многу интернет, неколку работни тетратки, мапа и проекти.

Децата сами се забавувале

Некогаш мајките по цел ден ги оставале децата сами да си играат, што значело дека децата играле во двор или во соседството додека не им било доста или не би било време за ручек или вечера. Сепак, денес повеќето родители имаат чувство дека се целодневни забавувачи на своите деца. И едвај можат да испијат шолја кафе пред нивните малечки да почнат да ги испитуваат и прашуваат дали може заедно да играат со лего-коцки, да играат пирати или со кукли. А, само од помислата на тоа дека децата со часови сами играат некаде надвор во соседството, им врие крвта на родителите, за жал.

Извор



912

X