Живееме во Нов Белград и долго време сакавме да изградиме убаво игралиште за деца во нашиот блок, што се случи неодамна. Најголемата радост беше за најмалите, поради што паркот стана постојано место за играње и дружење. Меѓутоа, како што одминуваше времето, сè повеќе бевме шокирани од глетката кога ги носевме децата таму.

Имам постаро дете кое сега е на предучилишна возраст и помладо од една и пол година. Додека не забележував толку ѓубре покрај постариот син, кога моето девојче почна да оди и стана „мала правосмукалка“ која собира сè и го става најлошото в уста, се соочив со суровата вистина. На почетокот ние мајките додека си играа децата се трудевме да фрлиме сѐ што може да биде опасно, како стаклени шишиња, капачиња од пиво и шипки, но ги имаше сѐ повеќе. Бидејќи во близина на нашиот парк има многу ресторани за брза храна, викендот е особено страшен, бидејќи по ноќното излегување луѓето јадат и пијат во парковите кои наутро се преполни со деца.

Сето тоа го разбирам, не станав „намуртена“ жена која за сѐ ги обвинува младите. Но, ова треба да биде одговорност и свест на секој поединец, да не фрла ѓубре до клупата или да остава остатоци од храна на неа ако има канта на само три метри. Ова се учи уште од мали нозе, дури и моето девојче, кога ќе види дека фрлам ѓубре во канта, почнува да го собира ѓубрето и да го носи кај што му е местото. Ако може таа, може и некој што направил толку ѓубре на едно место.
И додека секое утро се караме детето случајно да не земе нешто, да не го голтне или да не се повреди, јас навистина сум лута и огорчена, поради што сè помалку одам во паркот, кој е изграден и уреден за децата. Сега се обидувам да одам таму каде што има повеќе трева и каде што е почисто, иако нема тобогани и лулашки што ги сакаат децата.

Сѐ повеќе мајки се жалат на истиот проблем, а ние навистина имаме чувство дека се бориме со ветерници, односно со каприците и неодговорноста на поединци, кои ги спречуваат најмалите да уживаат во просторот што го сакаат и кој е првенствено наменет за нив.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор



912

X