Иако неодамна британските научници ги ставија повраќањето, дијарејата и болките во стомакот на листата со нови симптоми на коронавирусот кај децата, факт е дека малите бебиња често повраќаат и дека во повеќето случаи навистина не е потребно да се крева паника.

Првата причина секогаш е, се разбира, сомневање на вироза. Иако цревните вирози се составен дел од растењето – нема дете што не ги имало – во време на пандемијата на коронавирусот секој, па дури и најмалиот знак на болест создава паника. Што ако имам корона? Но, не кревајте паника, постоеле болести и пред короната. Британските научници неодамна ги додадоа токму овие симптоми како најнови на листата кај децата бидејќи тие симптоми се покажале како најчести кај децата на кои им е дијагностицирана болеста Ковид-19. Сепак, факт е дека бебињата многу често повраќаат: некогаш навистина се работи за вироза, но во поголем број случаи се работи за прејадување. Ова се петте најчести причини поради кои повраќаат бебињата?

Лоша техника на доење

Постои можност поради лоша техника на доење (ако детето не ја фати на правилен начин брадавицата од дојката) детето да се наголта воздух. Тогаш има растегнат желудник кој може да се олесни со повраќање. Притоа помага ако на детето му ја поткренете главата. Доенчето што се храни со шише може да проголта премногу воздух ако отворот на цуцлата е преголем.

Што се однесува до болести, повраќањето во прв ред се јавува кај пилороспазам или пилоростеноза. Тоа повраќање е типично, бидејќи детето повраќа во млаз: што значи, повратената содржина е далеку од детето. Тоа е разликата од повременото повраќање помала количина, кога повратената содржина е секогаш во близина на лицето на детето.

Пилорус е мускулен прстен кој е сместен помеѓу желудникот и влезот во дванаесетпалачното црево. Негова цел е правилно да ја насочи храната која влегува во желудникот и која понатаму мора да поминува низ цревата. Во таков случај, кога детето мирува, може да се види или да се опипа мала топчеста творба. Тука помага кревање на главата и згуснување на млечната формула ако детето има таква прехрана. Терапијата се состои во давање лек кој ќе го разлабави мускулниот прстен. Во тешките случаи потребно е да се изврши оперативен зафат. Кај таа болест детето нема покачена температура, но не добива на тежина, а дури може и да ја губи.

Нагло повраќање и лоша состојба на детето

Наглото упорно повраќање со општа лоша состојба на детето, нагло покачување на температура, со напната или истакната голема фонтанела, се знаци за воспаление на мозочните обвивки. Таквата состојба бара итна хоспитализација.

Електролитски дисбаланс

Ако детето доживее електролитски дисбаланс поради фебрилитет, дехидратација или инфекција, може да се зголеми нивото на ацетон во крвта. Тоа исто така е една од причините зошто детето повраќа.

Инфекции

Меѓу помалку важните причини се отитисот, диспепсија, инфекција со ротавирусот или аденовирусот кои кај малите деца често предизвикуваат повраќање. Тогаш е потребен отолошки преглед на ушното тапанче или анализа на столицата. Ако инфекцијата ги зафатила горните дишни патишта, детето исто така повраќа и тогаш се прави и бактериолошка анализа со брис од грлото или аспирации на дишните патишта.

Извор

Извор



912

X