Дали некогаш ве сместиле во категоријата лоши мајки затоа што во парк сте извадиле купена тегличка со ручекот на вашето бебе? Зачудени погледи, превртување со очи и полугласни коментари за мрзливоста и неразмислувањето за здравјето и добросостојбата на вашето бебе и сл.

Знаеме кои се популарните критериуми за оценување на способноста на мајките, а исхраната на бебето е меѓу првите на листата. Затоа многу мајки ги фаќа паника кога треба да воведат цврста храна во исхраната на своето бебе и кога ќе почнат советите од педијатрите, мајката и свекрвата, другарките, познајниците или членови на групи на социјалните мрежи…, и секој од нив има различен совет. Секако, тоа создава конфузија во главата на мајката, а не би требало затоа што знаеме дека секое дете е единствено човечко суштество кое дури и на таа мала возраст има свој вкус и свои навики.

Заеднички совет на педијатрите, и на сите други, што треба да го послушате е: почнете со едноставни вкусови како јаболко, морков, банана, компир или тиква.
Слободно купете 100% пире од овошје или зеленчук затоа што вие знаете што сака да јаде вашето бебе.

И мајките имаат право на одмор

Знаеме колку работа има во домот и без обврските околу мало дете, а особено откако тоа мало човече ќе влезе во вашиот живот и ќе го промени од корен. Тоа е периодот кога бебето, барем во првата година од неговиот живот, станува ваша главна преокупација, а паралелно со тоа ги завршувате и другите домашни обврски. И не е важно дали сте по цел ден дома, вработени или работите од дома, заморот е постојано присутен. Не дозволувајте никој да ви наметнува вина затоа што сакате малку да се одморите. Нели е поубаво времето да го поминете со детето, да се гушкате и да си играте, да отидете во парк на прошетка, наместо да го поминете во кујна, стоејќи покрај шпоретот зафатени со готвење, рендање, цедење, пасирање…
Барем во денешно време е можно да се купи 100% природна храна за вашето најсакано малечко. Искористете ги предностите на врвната технологија и дајте си себеси време и простор да здивнете и да се одморите, со цел вие и вашето дете да имате повеќе време што квалитетно ќе го поминете заедно.

Храна без конзерванси

Нашите баби не користеле конзерванси за во текот на зимата џемот и ајварот да им останат свежи како вчера да ги подготвиле. Како им успевало тоа? Така што ги превривале теглите во кои ќе ги спакувале, потоа ја подготвувале зимницата, а потоа во жешки тегли (некои мајки и баби ги чувале теглите во топла рерна до моментот на пакување на зимницата) го ставале ајварот или џемот. Додека е сѐ жешко, добро го затворале капакот на теглата така што самата топлина го извлекува целиот кислород од теглата, а токму кислородот е оној што им годи на бактериите во размножувањето и расипувањето на производот. Вака подготвени џемот и ајварот може да останат свежи неколку години!

Дали знаете дека според правилникот за здравствена исправност на диететските производи – храната за бебиња и мали деца не смее да содржи ГМО, адитиви, конзерванси, ароми и бои? Затоа треба да водите сметка на вашето дете да му давате само 100% природна храна бидејќи е вкусна, безбедна и квалитетна.

(Комерцијална објава)



912

X