Многу едногодишни деца ги користат своите заби наместо своите јазици. Постојат начини како да постапите за детето да престане да гризе.

Новороденчињата ги ставаат рачињата в уста. Ова е еден од начините на кој учат за својата средина и тоа не се менува одненадеж откако бебето ќе наполни една година.

– Без разлика дали е гризење на раката од некој пријател или гризење за време на доењето, едногодишните деца се водат од нивната уста – вели Ерин Флојд, клинички детски психолог од Атланта, САД.

Околностите под кои децата гризат се различни, но самиот акт не е злонамерен на таа возраст, вели Аубин Стамер, клинички психолог во Детската клиника во Сан Диего.

Причини

Важно е да се разберат причините зошто детето го прави тоа. Во повеќето случаи се работи за следните причини:

Му помага да го осознае светот – малите деца сакаат орално да ги почувствуваат работите. Тоа е начин да научат за светот и е извор на комфор – вели Џудит Гарард, психолог и професор. Гризењето е во основа само форма на сензорно истражување.

Му помага во комуникацијата – изразувањето на чувствата е тешко за дете од 1 година бидејќи не може да се разбере вербално.

– Децата немаат јазични вештини за да изразат како се чувствуваат, па затоа гризат за да создадат возбуда или да кажат дека се фрустрирани, анксиозни или дека им е здодевно – вели д-р Стамер.

Одбрана – некогаш гризењето се користи и во оваа насока. Можеби некое друго дете го грабнало шишенцето или го повлекло за косата. За да не дојде до гризење, потребна е самоконтрола, а детето на таа возраст сè уште ја нема. Ова објаснува зошто голем дел од случаите со гризење се случуваат во градинките.

Експериментира со причината и последицата – сте се запрашале зошто толку многу играчки за мали деца се дизајнирани да прават звук на допир? Децата на таа возраст откриваат кои акции предизвикуваат реакции. „Што ќе се случи кога ќе го гризнам пријателот“ е неговата помисла за да го тестира сопственото влијание во светот.

Вознемирено е – преголемата стимулација е честа причина за гризење. Смирено, одморено дете поретко ги користи забите, па обидете се тоа да одржува високо ниво на енергија и доволно да спие.

Решенија за престанок на гризењето

Детето има причина да верува дека гризењето е добар одговор на збунетост и фрустрација. Ваша работа е да го оттргнете од неговото однесување. Може да преземете некои од следните 10 акции:

– Веднаш одговорете – користете мали зборови и соодветен тон. Со сериозен (не заканувачки) глас кажете: „Без гризење! Гризењето боли!“ Потоа насочете го детето кон нешто што може да го направи, вели Катрина Рејнолдс, сестра на оддел за педијатрија во Гејтсбург, Мериленд. Иако вашето дете не ги разбира зборовите сега, наскоро ќе ги разбере. Дотогаш вашиот израз на лицето и тонот на гласот ќе имаат различни значења.

– Охрабрете го да користи зборови – детето треба да знае дека кога ќе се налути или ќе се вознемири, постојат алтернативи на гризењето. Може да каже: „Не сакам“ или да побара помош за тоа што му треба – вели д-р Стамер.

– Валидизирајте ги неговите чувства – на пример, ако забележите дека детето ги стега забите секојпат кога негово другарче му ја допира омилената играчка, купувањето дупликат може да го сопре во таа намера.

– Не дозволувајте му да профитира од нападите – не треба да ја задржи играчката ако ја добил на агресивен начин. Ако стратегијата функционира, ќе продолжи да го прави тоа, вели Гречен Кинел, автор на книгата „Без гризење“ и директор на едукацијата и тренингот во Советот за детска грижа во Онондага, Њујорк.

– Повеќе обрнете внимание на жртвата отколку на виновникот – треба да бидете пример за емпатија и да го научите детето дека не може секогаш да го добива вниманието. Пофалете го доброто однесување. „Сега нека биде редот на пријателот. Браво за тебе“.

– Набљудувајте го – сигурно дека повеќе би сакале да го оставите детето да си игра отколку да глумите полицаец. Но, мора да бидете еден чекор пред детето за да ја блокирате намерата за гризење. Исто така, треба да ги отстраните играчките што поттикнуваат конфликти.

– Понудете му на детето замена за гризење – дајте му крпа за бришење или слично за да има замена за гризење кога ќе биде фрустрирано.

– Дајте му дополнително внимание во тешки времиња – хроничното гризење може да укажува на тоа дека детето има тешкотии во приспособувањето. Пристигнувањето на нов член во семејството може да предизвика промени на кои детето ќе има проблем да се навикне. „Понекогаш малку специјално внимание од мама и тато е решението за сопирање на гризењето“, вели д-р Стамер.

– Бидете добар пример – вашето дете впива од вашето однесување, па погрижете се тоа да биде добро. Избегнувајте гризење при играта, па тргнете ги прстињата од устата или нежно навалете го рачето. Тоа испраќа измешана порака, па може детето да ги користи овие движења и со други деца.

Заклучок: Иако гризењето може да биде голем проблем за родителите, запомнете дека не е ништо лично. Мислете на гризењето како на форма на комуникација – порака со заби. Ако сте конзистентни во одговорот кон гризењето на детето, со време ќе откриете дека единствената порака што ја испраќа е насмевката.

Автор: Марг Старк, Меган мејтс, Решма Мемон Јакуб

Извор



912

X