Еден од најсмешните спомени што ги имам од детството за мајка ми е фактот дека речиси никогаш не ми го погодуваше од прв обид името. Секогаш кога ќе ѝ требаше нешто од нас, ги кажуваше сите наши имиња, а понекогаш имињата и на нејзините сестри, нашите тетки. Секогаш тоа беше некоја комбинација од нашите имиња додека не го погоди она име што сака да го каже – пишува една мајка на четири деца.

Таа на нејзиниот блог сподели интересно истражување за честиот феномен на „мешање на имињата“ и објаснува зошто толку често мајките ги мешаат имињата на своите деца.

Зошто ни се случува тоа?

Како дете, честопати се смеев на тоа, бидејќи во поголемиот дел од времето го кажуваше моето име. Не ми беше јасно како толку често се случува да ги меша нашите имиња. Впрочем, таа ни ги избра имињата, нели? Дали е навистина толку тешко да ги запомни?

Да се разбереме, се смеев сè до моментот кога и самата станав мајка. Потоа ја продолжив таа мајчинска традиција и почнав да ги мешам имињата на моите четири деца.

Зошто ни се случува ова? Излегува дека тоа е така затоа што сме проклето добри мајки кои си ги сакаат децата. Не верувате? Постојат научни докази и за ова.

Феноменот на мешање на имињата е резултат на силната врска помеѓу мајката и детето

Истражувањето за „помнењето и сознанието“ спроведено во списанието „Кварц“ го истражува феноменот на мешање на имињата и вклучувало повеќе од 1.700 испитаници. Мајките на повеќето учесници често ги мешале имињата на нивните деца. Сепак, мешањето на имињата се појавувало речиси кај сите членови од семејството и пријателите. Поединци што самите ги мешале имињата објасниле дека тоа се должи на фактот што некои имиња звучат исто. Но, најчесто конфузијата на имињата се јавува од сосема друга причина, а тоа е љубовта.

Веројатно се прашувавте дали причината што вашата мајка ве меша со вашата сестра е поврзана со вашиот сличен изглед или можеби со фактот дека сте делеле соба. Може дури и сте биле загрижени дека вашата мајка покажува рани знаци на деменција. Но, научниците нè уверуваат дека ако некој што нè познава нè нарекува со погрешно име, тоа е само резултат на неговата блиска врска со вас. Со други зборови, колку сте поблиску до некого, толку е поголема веројатноста да го меша вашето име, се наведува во истражувањето. Како што се наведува во истражувањето, причината за ова е начинот на кој функционира нашиот мозок. Мозокот организира информации во поврзани групи што ги нарекуваме семантички мрежи.

Семантичките мрежи ги групираат информациите заедно за да можеме подоцна полесно да ги „фатиме“.

Значи, мајки, следниот пат кога ќе го изговорите името на вашето дете во една голема неуредна мешавина или ќе го измешате со името на друго дете, знајте дека тоа е само затоа што многу ги сакате!

И уште еден забавен факт: Истражувањата покажаа дека понекогаш ги мешаме имињата на миленичињата со имињата на децата. Во овие ситуации, доволно е да запомните дека љубовта навистина не познава граници… особено во нашиот мозок.

Автор: Вупси Дејзи

Извор



912

X