Поминаа дури 21 година од смртта на Лејди Ди, која загина во сообраќајна несреќа. Нејзиното влијание врз целиот свет и нејзината тажна судбина не престануваат да инспирираат многу луѓе, кои постојано бараат детали од приватниот живот, а еден од нив неодамна исплива во јавноста и покажува каква сопруга и мајка била принцезата.
Во 1982 година принцезата Дијана официјално му стана сопруга на принцот Чарлс и прстенот што тогаш го стави на раката не го тргна долги години по разводот. Иако не беше обврзана да го носи.
Кога го избра прекрасниот 12-каратен сафир опкружен со 12 дијаманти, таа ја прекрши традицијата, која наложува свршеничкиот прстен да биде специјално изработен за принцезата, а тој не беше ни семејно наследство. Напротив, прстенот го избрала во лондонската златарница „Гарард“.
Единаесет години подоцна принцезата се разведе од Чарлс, но прстенот остана на нејзината рака, како и златниот венчален прстен кој го носеше до 1996 година. Имено, според протоколот на кралското семејство, Дијана повеќе не беше должна да го носи накитот, но таа го направила тоа од посебна причина – од почит кон своите синови.
По разводот на кралскиот пар, принцот Вилијам имал 10, а Хари 9 години, па Дијана сакала да биде внимателна кон чувствата на своите синови, особено кога се појавувале во јавноста.
Прстените ги носела и при посетата на колеџот „Итон“, заедно со принцовите, по само два дена откако на нејзиниот брак му дошол крајот, затоа што знаела дека новинарите ќе сакаат да ја фотографираат.
Откако принцезата загина, во 1997, младите принцови Вилијам и Хари избрале спомени од својата мајка. Принцот Вилијам го зел нејзиниот златен часовник од „Картие“, а Хари го зел свршеничкиот прстен. Меѓутоа, откако одлучи да ја запроси Кејт Мидлтон, Вилијам го замолил принцот Хари да ги заменат за да може на идната сопруга да ѝ го стави на рака токму прстенот од неговата покојна мајка. Тоа беше еден од начините Лејди Ди да биде присутна на нивната венчавка во 2011 г.
Во знак на почит, од златарницата „Гарард“ велат дека никогаш нема да направат ист таков прстен и дека станува збор за уникат, како и дека тоа било договорена порачка.