На Вуди од Англија му бил дијагностициран аутизам кога имал 3 години, но неговите родители, Сони и Шарлот, веќе порано забележале дека тој е посебен.

– Кога имаше 2 години, одеше низ домот и од збор до збор ги цитираше сликовниците што ги прочита, и тоа само еднаш. Отсекогаш беше добар со зборови – вели неговата мајка Шарлот.

Поради аутизмот, понекогаш премногу се фиксира на некои работи и мора да ги сфати на свој начин. Вуди во текот на затворањето поради пандемијата имал многу работи што сакал да ги каже, а неговиот татко одлучил тие цитати да ги претвори во уметност, така што од нив изработува малечки постери и честитки. Приходот од продажбата го дава во добротворна организација која им помага на деца со аутизам.

Семејството го поминало Ковид-19 и поради тоа Вуди имал многу тешкотии.

– Тие симпатични реченици се негов начин да се избори со стравот и фрустрацијата поради целата ситуација – вели Шарлот. Кога го прашале што мисли за целата ситуација со коронавирусот, Вуди покажал дека не го губи оптимизмот.

„Тоа е малку лошо и малку добро во исто време“, но верувам дека наскоро сè ќе пребродиме“, изјавил Вуди за „Би-би-си“.

Некои од цитатите на Вуди:


„Не сакам да се врати нормалното, сакам да се врати подобро“.

„Зошто Ковид-19 мораше да ја избере оваа планета?“

„Со тебе никогаш немам чувство дека има затворање“.

„Никогаш нема да ми исчезнат прегратките за вас“.

„Затворањето ги уништи прегратките. ЛОЛ“.

Автор: Гарет Фурби

Извор



912

X