Сосема е нормално во некоја фаза од животот браќата и сестрите да се расправаат, тврдат психолозите.

Без оглед дали станува збор за колачиња, играчки или нешто посериозно, едноставно мора да прифатите дека тоа е нешто нормално и нешто што е невозможно да се избегне. Иако е можеби стресно за вас, добро е за децата.

Според мислењето на психологот Карен Јанг, расправиите меѓу браќата и сестрите се важен дел од детството.

– Една од најдобрите работи што произлегува од таквите расправии се вештините што ќе ја зголемат нивната социјално-емоционална интелигенција. Сето тоа е дел од нивното растење. Браќата и сестрите имаат прилично непопустлив карактер, па учат како да преговараат и како да се соочат со другите луѓе – вели Јанг и додава дека преку расправиите децата можат да научат како да бидат сочувствителни.

Таа им советува на родителите да не се мешаат премногу во расправиите на своите деца, освен во случај кога тие ќе се претворат во тепачка. Колку повеќе се мешате, толку повеќе ќе се очекува од вас да ги решавате конфликтните ситуации наместо да ги решаваат тие.



912

X