Иако претходно беше доста активна на социјалните мрежи и поставуваше семејни фотографии, Иванка Трамп повеќе не го прави ова. Последната слика со децата била објавена на 27 мај. Се чини дека токму тука се крие одговорот зошто повеќе ја нема оваа навика.
Многу луѓе ја нападнаа ќерката на претседателот Трамп дека е бесчувствителна, бидејќи се фали со својата семејна среќа и хармонија, додека истовремено на границата со Мексико, благодарение на нејзиниот татко и неговата имигрантска политика, децата на мигрантите се одделуваат од своите родители и се држат во ужасни услови.

My pre-game partner in crime!

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump) on

-Ова е посебно навредливо, особено во овој момент – стои во еден од коментарите, додека во други ја молеа да направи нешто и да влијае врз нејзиниот татко.
-Иванка! Направи нешто! Натерај го да престане! Дали би сакала твоето дете да заврши во кафез, одвоено од тебе, а единствено што сакаше да направиш е да му овозможиш заштита. Дали обрнуваш внимание? – пишува друг корисник на социјалните мрежи.

Отприлика месец дена подоцна беше одлучено децата повеќе да не се одделуваат од родителите. А од тој момент, Иванка повеќе не објавила ниту една фотографија со своите деца.
За потсетување, Иванка е во брак со Џаред Кушнер од 2009 година и има три деца: 7-годишната ќерка Арабела, 4-годишниот син Џозеф и 2-годишната ќерка Теодора.

 



912

X