– Да знаев дека Кели ќе се роди со дупка во срцето или Даунов синдром, еднакво ќе ја сакав. Никогаш не би ја заменила за бебе со совршено срце. Кога ќе слушнам како луѓето велат: „Важно е само детето да е здраво“, малку се наежувам. Моето дете отсекогаш беше важно, најважно, иако е родено болно.

Дали е навистина најважно бебето да се роди здраво? Ова е прашањето што мајката Кејти Клојд си го поставува во емотивно писмо во кое дава одговор. Нејзиното писмо го пренесуваме во целост.

– Кога бев бремена со првото дете, сигурно барем еднаш реков: „Сè што сакам е здраво бебе“. Можно е да сум го рекла ова кога некој ме прашал за мојот план за породување. Можеби сум го кажала кога некој ме прашал што сакам да биде бебето, дали машко или женско. Не знам кога го реков, но сигурна сум дека го велев тоа бидејќи во тоа време верував во таа реченица. Мислев сè додека двајцата се враќаме дома физички здрави, ништо друго нема да биде важно.

Но, сè се смени откако доживеав трауматското породување. Кога се роди мојот син, научив дека може да имате истовремено здраво бебе и скршено срце. Кога слушнаа за моето искуство при породување, многу луѓе се обидоа да ги намалат болката и стресот што ги доживеав велејќи ми: „Па, имате здраво бебе и тоа е сè што е важно сега“.

Но, не беа во право. Да, моето трауматско искуство можеше да биде полошо. Длабоко сум благодарна што ниту мојот син ниту јас не доживеавме телесна повреда поради трауматскиот исход. Ако некој од нас беше тешко повреден или уште полошо, ќе имав уште поголема траума што ќе требаше да ја преживеам. Болката што ја доживеав сепак е вистинска, иако не го доживеав најлошото сценарио. Кога станува збор за бременоста и породувањето, тоа е многу поважно од „здраво бебе“.

Бремената личност заслужува да се чувствува и поддржана. Беспомошно и застрашувачко чувство е да бидете трудни и да знаете дека никој не ве слуша. Без оглед колку сте образовани, кога ќе се случи нешто неочекувано, треба да почувствувате дека вашите медицински професионалци се приспособени на вашите потреби и желби. Кога се чувствувате запоставени и отфрлени, тој страв и таа болка може да траат и по породувањето.

Baby concept. Baby cloth and goods on light blue background. Place for text. View from above. Flat Lay

Моето трауматско искуство за време на породувањето предизвика да се чувствувам изложена, повредена и уништена. Здравото бебе не можеше да ги избрише ужасните работи што ги слушнав во операционата сала кога тимот мислеше дека спијам. Тоа слатко мало момче не можеше да го смени фактот дека хирургот ми ја пресече матката од горе до долу без очигледна медицинска причина, оставајќи ме неспособна другпат да родам или да се породам како што се надевав. На крајот, сè беше во ред со нашето бебе, но не знаев за тоа кога останав сама, лежејќи во операционата сала и чувствувајќи како моите солзи преминуваат од топли во студени. Никогаш нема да го заборавам начинот на кој мојот сопруг истрча со полна брзина од собата по ходникот за да открие зошто нашето бебе е итно пренесено на друго одделение.

Имавме здраво бебе, но не е само тоа важно. И јас бев важна и кога се породив, речиси никој не се грижеше за мене. Ми требаа пет години да се соочам со хирургот што ме повреди. Тој дури и не се сеќаваше на мене, иако ме промени мене, моето тело и моето раѓање засекогаш. Не е само траума при раѓање што ја негира целата идеја дека „ништо не е важно освен здраво бебе“.

Бебињата понекогаш не се здрави. Бебињата родени многу болни се исто така важни. Така и нивните родители.

Зборував со Аманда Питс, мајка на пет деца од Нешвил, Тенеси, за нејзиното искуство кога добила дијагноза за нејзиното бебе при раѓање. Аманда ми кажа дека кога првпат ја погледнала својата ќерка Кали, знаела.

– Погледнав во моето скапоцено бебе и знаев дека има Даунов синдром – се сеќава Аманда.

– Му го споменав тоа на мојот сопруг четири часа подоцна. Не ми веруваше. Тој рече: „Ние сме премногу млади за да имаме дете со Даунов синдром“.

Лекарите го потврдиле сомневањето на Аманда. Како што Аманда и нејзиниот сопруг Роберт се навикнувале на идејата дека животот на нивното бебе ќе изгледа малку поинаку отколку што го замислувале, наишле на друг проблем. Лекарот ги информирал Аманда и Роберт дека бебето има дефект на вентрикуларен септал, познат и како VSD. Нивното мало бебе имало дупка во срцето.

Тие имале по само дваесет и две години. За време на нејзината бременост, немало индиции дека Кали ќе се роди со Даунов синдром – или срцева маана што ќе го загрози нејзиниот живот и ќе ги направи првите седум години комплицирани и понекогаш застрашувачки. На Кали конечно ѝ била извршена успешна операција на отворено срце во 2018 година.

Аманда е благодарна за новото, здраво срце на Кали, но никогаш нема да заборави како се чувствувала кога го носела своето седумгодишно дете на толку тешка операција. Во тие часови кога срцето на Кали се подобрувало, Аманда чувствувала дека нејзиното срце запрело. Иако во меѓувреме родила четири сина со здраво срце и секој момент очекува уште еден, Аманда никогаш не се опушта целосно додека не го види своето бебе и додека лекарот не потврди дека срцето му работи како што треба.

– Кога бев бремена со Кали, најголемата надеж ми беше дека ќе биде здрава. Но не беше. Родена е со срцева маана, заврши на интензивна нега поради сериозни проблеми со апнејата и се соочи со многу здравствени предизвици иако беше многу малечка – објаснува Аманда.

– Сè уште се молам моите бебиња да се родат во совршено здравје – признава таа. – Го познавам стравот од раѓање дете со опасност за животот и никогаш не сакам да го доживеам повторно. Но, да знаев дека Кели ќе се роди со дупка во срцето или Даунов синдром, еднакво ќе ја сакав. Никогаш не би ја заменила за бебе со совршено срце. Кога ќе слушнам како луѓето велат: „Важно е само детето да е здраво“, малку се наежувам. Моето дете отсекогаш беше важно, најважно, иако е родено болно.

– Добивањето сериозна дијагноза е една од најстрашните работи низ кои може да помине родителот. Во исто време, имам среќа што животот не ми даде „здраво бебе“ затоа што ќерка ми веќе ме научи повеќе отколку што некогаш можам да се надевам дека јас ќе ја научам во милион животи – објаснува Аманда.

Здравјето е драгоцена надеж за секој иден родител за сопственото бебе. Сосема е во ред да кажете дека се надевате дека вашето бебе ќе биде здраво.

Но, сите треба да бидеме претпазливи да не му кажеме на некој што доживеал траума при раѓање дека треба да биде сосема добро и емоционално стабилен сè додека бебето се роди здраво. Исто така, треба да бидеме внимателни и да сфатиме дека фразата може да му наштети на родителот што носи дете со одредени здравствени сосотојби. Тие не треба учтиво да се насмевнат кога некој претпоставува „сè што сака е здраво бебе“. Вистината е, и тие сакаат бебето што ќе го добијат да биде многу, многу здраво.

Не е дека не треба да му посакаме здравје и благослови и добри работи на секое бебе, без оглед на околностите. Треба само да имаме предвид дека здравото бебе не е сè што е важно – и да бидеме свесни за начините на кои нашите зборови можат да влијаат врз луѓето – пишува Кејти Клојд.

Извор



912

X