Здравје

Зошто е здраво да се дружите со семејството?

Искористете го секое слободно време во вашиот живот за да го поминете со оние што вистински ги сакате и уживате во нивното друштво, а кој ви е поблизок од семејството? Ќе наведеме 8 причини зошто е поздраво и покорисно да го поминувате времето со оние што ги сакате и што ви ја возвраќаат таа љубов отколку со непознати лица.

1. Мајчинството/татковството го продолжува животот

Да се биде родител – односно да се биде мајка – се поврзува со подолг живот, според едно истражување спроведено во Данска. Тоа покажало дека жените што родиле дете имаат помали шанси да заболат од рак, да доживеат несреќа или да умрат од тешка болест. Исто така, кај татковците е намален ризикот од прерана смрт.

2. Големите социјални врски се добри за здравјето

Според едно истражување, силните социјални врски ви помагаат да живеете подолг, поздрав живот. Истражувањето покажало дека влијанието на социјалните врски е исто како и водењето здрав живот.

3. Сестринството ја намалува осаменоста

Да имате сестра е многу добро за вашето психичко здравје. Имено, истражувачи откриле дека со сестрата може да се намалат осаменоста и стравот – а и ќе бидете повеќе сакани. Ако имате брат или сестра, поголеми се шансите да правите добри дела.

4. Пријателите и семејството поттикнуваат здрави навики

Вашите пријатели и семејството имаат големо влијание врз начинот на живот. Според едно истражување, 36% од луѓето изјавиле дека нивната исхрана зависи од влијанието на нивното семејство и родителите, додека 46% од луѓето изјавиле дека нивните сакани се пресудни за нивниот стил на здрава исхрана.

5. Разговорот со татковците го намалува ризичното сексуално однесување

Да се има силна врска со својот татко е голема предност кога се работи за ризичното сексуално однесување на тинејџерите. Истражувањата покажале дека кај децата чии татковци отворено зборуваат со нив за сексуалните односи има забележителна промена за разлика од децата што ја немаат таа врска со родителите.

6. Разговорот со мајката го намалува стресот

Квалитетно поминато време со мајката може да ви помогне да го намалите стресот. Зборувањето по телефон со мајката го намалува стресот и го зголемува хемискиот хормон окситоцин кај девојчињата на возраст од 7 до 12 години. Мајките, без инструкции, знаат како да зборуваат со своите деца и да им делат корисни совети за иднината.

7. Сестрите шират среќа

Поминувањето време со сестрата може да ве направи посреќни. Истражување спроведено врз 571 испитаник на возраст помеѓу 17 и 25 години покажало дека луѓето што имаат сестри имаат поголема комуникација со семејствата. Емоционалното искажување е основно за добро психичко здравје.

8. Мајките влијаат врз дебелината на своите деца

Близината со мајка ви може да влијае врз вашата тежина. Врската помеѓу мајката и детето кога е мало влијае врз тежина подоцна, кога детето е во тинејџерски период. Малите деца што имаат тесна врска со нивните мајки имаат помали шанси да бидат дебели во споредба со децата што се оддалечени од својата мајка.

За крај, размислете што треба да направите за да го зачувате здравјето на семејството.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top